Лав V Ерменец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Прво бугарско царство → Прво Бугарско Царство
с →‎Живот: Правописна исправка, replaced: Константинопол → Цариград (3)
Ред 23:
[[Податотека:MadridSkylitzesFol12vDetail.jpg|мини|260п|Крунисувањето на Лав како цар, минијатура од делото ''Madrid Skylitzes'' (Мадридскиот Скилица)]]
 
Поставен од [[Михаил I Рангабе]] во 811 година, Лав станал гувернер на темата [[Анадолија (тема)|Анадолија]] и се поставил добро во војната против [[Арапи]]те во 812 година, поразувајќи ги нивните сили. Лав ја преживеал [[Битка кај Версиникија|Битката кај Версиникија]] во 813 година со напуштање на борбата, но сепак зел предност од овој пораз да го примора да абдицира Михаил I Рангабе во негова корист на 11 јули 813 година. Во дипломатски потег, напиштал писмо<ref>[[Теофан Исповедник]]от, Χρονογραφία (Chronicle), 502. 19–22</ref> до патријархот [[Никифор I Цариградски|Никифор I]] со цел да го убеди во неговото православие (Никифор очигледно бил уплашен од можно враќање на [[Византиско иконоборство|иконоборството]]). Еден месец подоцна, во текот на неговиот влез во дворецот, клекнал пред иконата на Исус Христос на портата [[Чалке (КонстантинополЦариград)|Чалке]].<ref>Теофан Континуат, 18. 19–21</ref> Понатамошен чекор во спречување на идните узурпации било кастрирањето на синовите на Михаил.<ref>Scriptor Incertus, 341. 10–11</ref>
 
Откако [[Крум од Бугарија]] го блокирал [[КонстантинополЦариград]] од копно, Лав V наследил опасна состојба. Понудил да преговара директно со освојувачот и се обидел да го убие во заседа. Стратегијата пропаднала и иако Крум ја напуштил опсадата на главниот град, го освоил и го раселил [[Адријанопол]] и Аркадиуполис ([[Лулебургаз]]). Кога Крум умрел во пролетта 814 година, лав V ги поразил Бугарите во близина на Месембрија ([[Несебар]]) и двете држави склучиле 30-годишен мир во 815 година. Според некои извори,<ref>[[Јован Скилица]], Историски синопсис (Σύνοψις Ἱστοριῶν), 13. 47–49</ref><ref>[[Јован Зонара]], Извадоци на историјата (Επιτομή Ιστοριών), 381. 5–10</ref> Крум учествувал во битката и ја напуштил тешко повреден.
 
Со политиката на почитување на иконите на неговите претходните поврзувана со поразите од Бугарите и Арапите, Лав V ја обновил политиката на иконоборство откако го тргнал патријархот Никифор и свикал синод во КонстантинополЦариград во 815 година. Царот ја користел својата умерена политика на иконоборство за да ги одземе имотите на иконопочитувачите и манастирите, како на богатиот [[Студитски манастир]], чиј влијателен свештеник, [[Теодор Студит]], го протерал.
 
Лав V назначил спремни воени команданти од неговите другари во војската, вклучувајќи ги [[Михаил II Амориецот]] и [[Тома Славјанинот]]. Исто така ги бркал павличанците. Кога Лав го затворил Михаил поради навестување за заговор, Михаил организирал убивање на царот во дворската капела „Св. Стефан“ на [[Божиќ]] во 820 година. Лав бил присутен на службата, кога група убијци облечени како монаси наеднаш ги фрлиле нивните облеки и ги извадиле нивните оружја. Во придушеното светло го помешале свештеникот со царот и конфузијата му овозможила на Лав да дофати тежок крст од олтарот и да се одбрани. Ги повикал неговите стражари, но заговорниците ги забарикадирале вратите и за неколку минути удар на меч му ја повредила раката и паднал пред нив, каде неговото тело било искасапено во делови. Неговите остатоци биле фрлени во снегот и убијците побрзале кон ќелиите да го ослободат Михаил II. Сепак, Лав го скрил клучот и бидејќи било рано сабајле морале да чекаат за да најдат ковач, поради што Михаил бил забрзано крунисан како цар со железните опруги на неговите нозе. Семејството на Лав (вклучувајќи ја неговата мајка и неговата жена [[Теодосија (сопруга на Лав V)|Теодосија]]) биле протерани во манастирите на [[Принцевски Острови|Принцевските Острови]]. Неговите четворица синови (вклучувајќи го поранешниот негов помошник Симбат) биле кастрирани, процедура која била толку брутално спроведена поради што еден од нив починал во текот на „операцијата“.<ref>Теофан Континуат, 40–41. 7</ref>