Василиј Војоан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Василиј III Војонат''' — византиски Италијански катепанат|катапан на...
 
с Правописна исправка, replaced: Константинопол → Цариград
Ред 1:
'''Василиј III Војонат''' — [[Византија|византиски]] [[Италијански катепанат|катапан на Италија]] од 1017 до 1027 година<ref>Catherine Holmes, University College, Oxford - [http://www.roman-emperors.org/basilii.htm Roman Emperors DIR Basil II].</ref><ref>Ferdinand Chalandon ''Histoire de la domination normande en Italie et en Sicile''. Paris, 1907.</ref> и еден од најголемите византиски војсководци од тоај период. Неговите достигнувања и овозможиле на Византија и овозможиле да се воспостави како сила во јужна Италија по векови на пад. Сепак, [[нормани|норманските]] авантарусти кои биле вклучени во структурата на моќ во [[јужна Италија]] ќе бидат крајните добитници.
 
==Живот==
 
По неговото назначување од страна на византискиот цар [[Василиј II]] во декември 1017 година, тој веднаш побарал засилување од [[КонстантинополЦариград]] за да го задуши бунтот на [[лангобарди|лангобардскиот]] водач [[Мел Бариски]] и неговите нормански војници. Барањето било одобрен: и бил испратен одред од елитни [[варјашка стража|варјашки стражари]]. Двете завојувани страни се сретнале на реката [[Офанто]] близу [[Кана]], местото на кое [[Ханибал]] ги победли римјаните во 216 година п.н.е. Во [[Битка кај Кана (1018)|Втората битка кај Кана]], Војоан постигнал подеднакво одлучна победа.
 
Бојоан ги заштитил освоените територии започнувајчи веднаш со градба на голема тврдина на [[Апенински Планини|Апенинскиот]] превој со што го заштитил влезот во долината на [[Апулија]]. [[Троја (Апулија)|Троја]], град именуван според античкиот град во [[Мала Азија]], е градот во кој се сместил гранизонот од нормански војници на Војоан во 1019 година. Наскоро, цела јужна Италија била покорена под Византија, со исклучок на [[Војводство Беневенто|Војводството Беневенто]], кое останало лојално на [[Папска држава|Папската држава]].
 
Исплашен од промената на состојбата на југот, [[Папа Бенедикт VIII|Бенедикт VIII]] во 1020 година заминал на север во [[Бамберг]]да разговара со [[Цар на Светото римско царство|Царот на Светото римско царство]], [[Хајнрих II]]. Царот не превземал никакво дејство, но настаните од следната година го натерале да се замеша. Војоан и неговиот нов сојузник принцот [[Пандулф IV Капујски]] тргнале во поход кон Меловиот зет [[Дат]] и ја освоиле неговата тврдина во [[Гарлијано]]. На 15 јуни, Дат бил врзан во вреќа со мајмун, петел и змијаи фрлен во морето. Следната година, како одговор на ова, огромна царска војска дошла на југот за да ја нападне новата тврдина во Троја. Гаризонот успешно се спротиставил и ја одбранил тврдината. Војоан на градот му дал привилегии за неговата лојалност.
 
Во 1025 година, Војоан се подготвувал да го води Сицилијанскиот поход заедно со Василиј II но големиот цар починал. [[Константин VIII Копроним|Константин VIII]], неговиот совладетел и наследник, го откажал походот, и катапанот заминал на север да му помогне на Пандулф во завземањето на Капуа, територија која Хајнрих II ја освоил три години претходно. Војоан му му понудил на новиот принц на Капуа, [[Пандулф V капујски|Пандулф]], безбеден премин до [[Неапол]] и го прифатил неговото предавање во 1026 година. Ова бил неговата последна поголема кампања. Во 1027 година, тој бил отповикан од должноста катепан. Неговите замени биле бледа слика на неговите поставени стандарди за воена делотворност.Во текот на наредниот век, византиското влијание во Италија постепено се свело на ништо.
 
Во 1041 година, синот на Војоан [[Ексавгуст Војоан|Ексавгуст]] бил именуван за катепан, но не издржал ни една година на таа позиција.
 
==Извори==
Ред 28:
{{s-aft|after=[[Христофор Бургар]]}}
{{end}}
 
 
{{DEFAULTSORT:Војоан, Василиј}}