Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: тронот → престолот (4)
с →‎Првото владеење и егзил: Јазично подобрување, replaced: трон. → престол.
Ред 46:
 
Во декември 1447, аристократите во сојуз со унгарскиот регент Јанош Хунјади се побуниле против Влад Дракул, и го убиле во мочуриштата близу Балтени. Мирча, најстариот син и наследник на Дракул, го ослепиле и го закопале жив во Тарговиште.
За да спречи Валахија да не падне под власта на Унгарија, отоманците ја окупирале Валахија и го ставиле младиот Влад Трети на престолот. Сепак, неговото владеење било краткотрајно затоа што самиот Хунјади ја нападнал Валахија и го вратил неговиот сојузник Владислав Втори од кланот Данешти на тронпрестол.
Влад побегнал за Молдавија каде живеел под заштита на неговиот вујко/чичко Богдан Втори. Во октомври 1451, Богдан бил убиен и Влад побегнал во Унгарија. Импресиониран од познавањата на Влад за разумот и дејствувањето на Отоманското Царство, како и од омразата кон новиот султан Мехмет II, Хунјади се смирил со неговиот поранешен соперник и го назначил како свој советник.
Во 1453, отоманците под султанот Мехмет II го освоиле Цариград по долги напади, со што ставиле конечен крај на христијанското присуство на Медитеранот, по што отоманското влијание почнало да се шири од оваа основа кон Карпатите, заканувајќи се на Европа.