Разлика помеѓу преработките на „Михаил III Пијаницата“

с
→‎Издигнувањето на Василиј Македонецот и убиството на Михаил: Јазично подобрување, replaced: тронот → престолот
с (→‎Младост и регенство: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка)
с (→‎Издигнувањето на Василиј Македонецот и убиството на Михаил: Јазично подобрување, replaced: тронот → престолот)
[[File:MichaelIIIBeforeTheChurchStMamas.jpg|thumb|right|Михаил III управува двоколка, тој бил енергичен покровител и учесник на трките со двоколки.]]
 
Ако осигурувањето на законитоста на ЛАв била планот на Михаил истиот потфрлил. Привидно загрижен за услугите кои Михаил ги правел за друг дворјанин, именуван како [[Василискијан]], кого сакал да го прогласи за втор совладетел, Василиј го [[убиство|убил]] додека лежел несвесен во својата спална соба по синоќешната пијанка во септември 867 година. Василиј со поголем број на неговите машки роднини, и други соучесници, влегол во собата на царот, бравите биле обиени и не била поставена никаква стража. Михаиловиот крај бил грозен, човек именуван какп Јован Халдиски го убил, отсекувајќи му ги двете дланки со меч пред да го докрајчи со убод со мечот во срцето. Василиј како единствен цар, (Василискијан бил убиен во истиот период како и Михаил), автоматски го наследил тронотпрестолот како владетел.<ref>Finlay, pp. 180–181.</ref>
 
Михаиловото тело било погребано во Филиповиот Манастир во Хрисополис на азиското крајбрежје на Босфор. Кога Лав VI станал владетел во 886 година, едно од првите дела било откопувањето на телото на Михаил и негово презакопување, со голема церемонија, во царскиот мавзолеј во [[Црква Свети Апостоли (Константинопол)|Црквата Свети Апостоли]] во Константинопол.<ref>Tougher, p. 62.</ref>