Мирче Најденов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: flagicon → знамеикона
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: |битката → |Битката
 
Ред 13:
 
==Животопис==
Мирче Најденов е роден во 1878 година во селото [[Мажучиште]],<ref>Според други извори е роден во 1881 г. во селото [[Мало Коњари]].</ref> Прилепско, тогаш во рамките на [[Отоманското Царство]]. Татко му Најдо бил ајдутин, четник во четата на [[Спиро Црнев]]. Мирче Најденов станал член на [[ВМОРО]], и во текот на 1904 година, влегол во четата на велешкиот војвода [[Стефан Димитров]]. Во 1905 година, се префрла во прилепската чета на [[Георги Ацев]]. По смртта на Ацев, на 25 јуни 1906 година, Мирче Најденов станува прилепски околијски војвода. Прилепските чети на Најденов и [[Ѓоре Спирков]] земаат учество во [[Битка на Ножот|биткатаБитката на Ножот]] на 14 јули 1907 година.<ref>Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934), Софија, 2001, стр. 112</ref>
 
По избувнувањето на [[Прва балканска војна|Првата балканската војна]] во 1912 година, Мирче станува доброволец во [[Македонско-одрински доброволни чети|Македонско-одринските доброволни чети]] и служи во четата на [[Крсто Гермов]], а подоцна во деветтата велешка дружина. Ранет е на [[7 ноември]] [[1912]] година. Носител е на орден „[[За храброст]]“ IV степен.<ref>„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 477.</ref> Во текот на [[Првата светска војна]], служи во Петтиот македонски полк на [[Единаесетта пешадиска македонска дивизија|Единаесеттата македонска дивизија]] на бугарската армија, а потоа и во составот на [[Тане Николов]] во Моравската военоинспекциска област. Тешко е ранет кај селото [[Обртинца]], [[Поморавје]], и умира на пат за болницата во [[Ниш]].<ref>[http://www.macedonia-science.org/print.php?plugin:forum.45 Македонски научен институт]</ref>