Милениумски развојни цели: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Сродни организации: Правописна исправка, replaced: подржа → поддржа
с →‎Напредок: Јазично подобрување, replaced: нумеричко → бројчено
Ред 182:
Напредокот во однос на постигнувањето на овие цели е нерамномерен. Некои земји постигнаа некои од целите додека другите земја се на пат да ги остварат. Големите земји коишто ги постигнаа овие цели се: Кина (кадешто сиромашното население се намали од 452 милиони на 278 милиони) и Индија поради јасните внатрешни и надворешни фактори на населението и економскиот развој. Сепак, постојат области на коишто им е најпотребно намалување на сиромаштијата како што се на пример регионите во Супсахарска Африка кадешто треба да се направат драстични промени во подобрувањето на квалитетот на живење. Паралелно со Африка, сиромаштијата во Супсахарска Африка се намали само за еден процент и токму поради тоа се изложува на голем ризик да не ги исполни Милениумските развојни цели до 2015 година. Основните прашања ќе утврдат дали Милениумските развојни цели се постигнати или не. Главно станува збор за целите повразни за полот, поделени во хуманитарни и развојни агенди како и агенда за економски раст според истражувачите при Институтот за развој на прекуокеанските земји.
Постигнувањето на Милениумските развојни цели не зависи само од економскиот развој и скапи решенија. Во случајот на Цел 4 од Милениумските развојни цели, некои земји во развој како Бангладеш покажаа дека возможно е да се намали смртноста кај децата со само скромен раст преку воспоставување скапи но ефективни интервенции како што е широката имунизација на морбили.
Цел 8 од Милениумските развојни цели е единствена во смисла на тоа дека повеќе се фокусира врз обврските и достигнувањата на владите коишто донираат отколку врз успесите кај земјите во развој. Центарот за глобален развој годишно го објавува индексот за развој којшто се смета за индикатор за нумеричкобројчено таргетирање на осмата милениумска развојни цел. Осмата цел повеќе ги опфаќа мерките за напредокот на донаторот како што се трговијата, миграциите и инвестициите отколку што Официјалната финансиска помош за развој ги зема во предвид политиките за голем број индикатори коишто влијаат врз земјите во развој.
 
За да се забрза напредокот на Милениумските развојни цели, Групата на министрите за финансии, Г8, се сретнаа во Лондон во јуни 2005 година (за време на подготовките за Самитот на земјите на Г8 групата во Глениглас во јули) и се договорија да обезбедат доволни финансиски средства за Светската банка, ММФ и Африканската банка за развој со цел да се откаже дополнителниот долг во износ од 40 до 50 милијарди долари од земјите-членки на ХИПС (група на најзадолжените земји во светот). Со ова ќе им се овозможи на сиромашните земји да можат да ги прераспределат средствата сочувани од заборавениот долг на социјални програми за подобрување на здравјето и образованието како и за ублажување на сиромаштијата.