Тадеуш Ружевич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Рељеф → Релјеф
с →‎Творештво: Јазична исправка, replaced: Креатор → творец
Ред 48:
Ружевич ѝ припаѓа на првата генереација полски поети. Првите песни ги објавил во [[1938]] година во разни училишни и младински списанија, следната година објавувал во илегалниот печат, продолжил да пишува додека бил [[партизан]] и во 1944 година илегално ја објавил збирката „Шумски еха“, која не е сочувана. По војната, во 1946 година, ја објавил збирката [[Сатира|сатири]] „[[Во лажичка вода]]“, а неговото официјално деби го претставува збирката „[[Немир (книга на Тадеуш Ружевич)|Немир]]“ од 1947 година. Во 1953 година ја објавил книгата со репортажи „[[Разгледници од Унгарија]]“, а во 1955 година се појавило првото прозно дело на Ружевич, збирката новели „Опадна лисјето од дрвјата“ со тема од окупацијата на Полска. Следната година, Ружевич го напишал [[сценарио]]то за филмот „Три жени“, а во 1957 година, во една книга, биле објавени сите негови дотогашни поетски збирки.<ref name="Tadeuš Ruževič 2013"/><ref>„Тадеуш Ружевич (био-библиографски летопис)“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 63-64.</ref> До неговото драмско деби во 1959 година (драмата „Картотека“), Ружевич објавил дванаесет високоценети збирки поезија. Оттогаш, тој напишал речиси педесет [[Драмска уметност|драми]]. Оваа ерупција на драматуршка енергија била придружена со привремени навраќања кон [[поезија]]та и кратки излети во светот на [[проза]]та. Ружевич се смета за еден од најголемите повоени полски поети и можеби за најинвентивен полски [[драма]]тург. Негови најпознати драми се: „Картотека“, „Прекинатиот чин“, „Наталитет“, „Гладниот уметник си оди“ и „Бела венчавка“. Неговите дела се преведени на околу 50 јазици во околу 900 странски публикации.<ref name="ReferenceB">„Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, ''Izabrane pesme''. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 327-328.</ref>
 
Ружевич бил неколкупати номиниран за [[Нобелова награда за литература]], а добитник е на повеќе книжевни награди, како: Европската награда за книжевност, Европската награда за поезија КОВ, Наградата „Силесиус“, книжевната награда „[[Владислав Рејмонт (награда)|Владислав Рејмонт]]“, наградата „[[Ника (награда)|Ника]]“, полската државна награда од прв степен и државната награда од втор степен (за збирката „Рамнина“), Литературната награда на Краков (1959), Големиот крст за препород на Полска, наградата на полскиот ПЕН-клуб „[[Јан Парандовски (награда)|Јан Парандовски]]“, орденот „[[Ecce Homo (орден)|Ecce Homo]]“, златниот медал „Заслужен за културата Gloria Artis“, специјалната награда на „Политика“, „Креатор„творец на културата за 2010“, Златниот венец на [[Струшките вечери на поезијата]] итн.<ref name="ReferenceB"/>
 
Местото што го зазема Ружевич во полската поезија не само што е значајно, туку тоа е кренато на посебен пиедестал, зашто тој се смета за еден од најмладите полски класици, кој многу рано извршил големо влијание врз развојот на поновата [[полска поезија]].<ref>Ацо Алексиев, „Во името на човекот и за човекот – Неколку белешки врз творештвото на Тадеуш Ружевич“, во: Тадеуш Ружевич, ''Поезија (избор)''. Скопје: Култура, 1965, стр. 55.</ref> Ружевич се смета за класик на [[Полска поезија|полската поезија]] и од него учеле речиси сите помлади полски поети. Тој открил нови изразни можности на полскиот стих, така што дури и оние поети кои не се свесни за неговото влијание, всушност, во голем мера му должат нему.<ref name="Beograd 1964">''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 169-170.</ref>