Ана Винтур: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: креирање → создавање
с →‎top: Јазична исправка, replaced: креатор → творец (2), твореци → творци (2)
Ред 139:
Таа има две деца од Шафер: Чарлс (Чарли) и Кетрин (позната како Пчелка); вторава пишувала повремени колумни за The Daily Telegraph во 2006 година, но вели дека нема да ги следи стапките на мајка си со модата. Парот се развел во 1999 година. Колумнистите низ списанијата тврделе дека нејзината афера со инвеститорот Шелби Брајан и го завршила бракот. Таа одбила да даде коментар. Нејзините пријатели велат дека Брајан ја омекнал. “Таа сега се насмевнува, а ја виделе и како се смее” еден од нив изјавил за The Observer.
 
Винтур е филантроп. Таа е управник на Метрополитен Музејот на Уметност во Њујорк, каде што организира добротворни настани кои собрале 50 милиони долари за Институтот за Костими на Музејот. Таа ја основала Фондацијата CFDA/Vogue со цел да ги охрабрува, поддржува и надгледува непознати модни креаторитворци. Таа исто така има собрано преку 10 милиони долари за добротворни цели за СИДА од 1990 година, со организирање на еминентни настани од добротворен карактер.
 
Таа тврди дека станува пред 6 часот наутро, игра тенис, и ја средуваат фризурата и шминката, па пристигнува во просториите на Vogue два часа подоцна. Секогаш се појавува на ревиите пред нивниот закажан почеток. “Го користам времето чекајќи за да разговарам на телефон и правам забелешки; Некои од моите најдобри идеи ги добивам на ревиите” вели таа. Според BBC серискиот документарец Шефица, ретко останува на забави повеќе од 20 минути и си легнува до 10:15 часот секоја вечер. Врши огромна контрола врз визуелната содржина на списанието. Од нејзините први денови како уредник, таа барала фотографите да не започнуваат додека таа не ги одобри полароидите од целата организација и облека. Потоа, треба да се поднесе целата завршена работа до списанието, а не само она што тие лично ќе го изберат.
Ред 225:
Елитизам
 
Уште една честа критика за уредништвото на Винтур се фокусира на зачестеноста на славни личности на насловната страна и на инсистирањето тие да ги исполнуваат нејзините стандарди. Наводно, таа и рекла на Опра Винфри да ослабне пред да се фотографира за насловна. Исто така, и кажала на Хилари Клинтон да не носи син костум. Се смета дека на прославата на Anglomania во 2005 година, прослава во чест на британската мода во Метрополитен, самата Винтур ја одбрала облеката на познатите присутни личности како Џенифер Лопез, Кејт Мос, Доналд Трамп и Дајан вон Фустенберг. “Мислам дека Вриланд не гледа така на тоа” вели издавачот на WWD, Патрик МекКарти. “Таа не би ја облекла Бејб Пејли. Ниту пак Бејб Пејли би и дозволила.” Со убедувањето на креаторитетворците да им позајмуваат облека на џетсетерите и на познатите личности, кои потоа ги фотографираат со облеката не само за Vogue туку и за списанија од општ интерес како People и Us, кои за возврат влијаат на изборот на купувачите, некои луѓе од индустријата сметаат дека Винтур премногу го контролира тоа, посебно затоа што таа не е вклучена во изработка или производство на облека. “Крајниот резултат е дека Ана може да го контролира сето тоа сè до фабричкиот погон” вели Кенди Претс Прајс, извршен моден директор во style.com. Таа е заслужна за уништувањето на “гранџ” модата во почетокот на 90-те, кога не се продавала баш добро, кога им кажала на дизајнерите дека ако продолжат со избегнувањето на гламурот, нивните дела нема да бидат фотографирани за Vogue. Сите се покориле на тоа.
 
Уште една потписничка за Vogue дала приговор дека Винтур ги исклучува од страните на списанието обичните вработени жени, од кои многу се редовни претплатници. “Таа е опседната само со рефлектирање на желбите на одредена класа на читатели” вели таа. “Еднаш имавме статија за рак на дојка што започна со стујардеса, но таа не сакаше да има стујардеса во списанието, па моравме да бараме екстравагантна стопанственичка која има рак.”