Пазар на капитал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: креирање → создавање (2)
Ред 3:
На страна на понудата и на страната на побарувачката на долгорочни парични средства се јавуваат следниве субјекти: населението, стопанството, државата и [[банките]]. Сепак, населението се јавува во улога на нето-доверител, што значи дека повеќе пласира сопствени средства отколку што користи, додека [[стопанство]]то редовно е најголем нето-корисник на средствата, што значи дека повеќе користи средства од пазарот на капитал, разбирливо, за инвестирање, отколку што таму ја пласира сопствената акумулација.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.180-181.</ref>
 
Како резултат на операциите на пазарот на капитал доаѓа до креирањесоздавање на соодветни хартии од вредност, [[акции]] и обврзници. Издавањето на хартиите од вредност, како и нивната продажба, претставува примарен пазар. Подоцна со веќе издадените хартии од вредност се тргува на секундарниот пазар, т.е. се врши нивно продавање и купување помеѓу учесниците на пазарот. За да можат да се одвиваат сите овие транскации, пазарот на [[капитал]] се регулира со соодветна законска регулатива и на него се формираат институции кои ги овозможуваат и олеснуваат операциите на сите останати учесници.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'',Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.181.</ref>
 
== Видови пазари на капитал ==
=== Берзански и шалтерски пазар на капитал ===
* '' Берзи'' — [[Берза]]та претставува место или институција во рамките на која се одвива организирано тргување со хартии од вредност. Тргувањето на берзата се врши со посредство на овластените учесници на овој пазар – [[брокер]]ите, кои тргуваат за сметка на своите клиенти. На берзата има и други овластени учесници како што се дилерите, кои тргуваат за своја сметка, потоа специјалисти, маркет-мејкери, и други, во зависност од самата берза, нејзиниот тип, начин и организација на работа. Во овој поглед нe постојат единствени правила, туку секоја берза има свои специфичности. Тргувањето на берзата се одвива во рамките на определен период од денот. Токму концентрацијата на тргување на сите учесници на едно место и во исто време, овозможува креирањесоздавање на објективна претстава за понудата и побарувачката на хартиите од вредност, а со тоа и правилно формирање на нивните цени. Тргувањето на берзите се одвива преку издавање на налози од страна на клиентите до брокерите, кои содржат податоци за видот на хартијата од вредност што клиентот сака да ја купи, односно да ја продаде, како и цената по која клиентот би сакал да ја реализира трансакцијата.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр. 181.</ref> Во зависност од предметот на купопродажба се одредува и карактерот на берзата. Ако на берзата се купуваат и продаваат вредносни хартии, се работи за ефективна берза, ако се купуваат и продаваат стоки, се работи за продуктна берза, ако се во прашање [[Девиза|девизи]], се работи за девизна берза, итн. За работење на берзата не е доволно да има ( да постојат) вредносни хартии, туку е потребно да има мобилен и ликвиден пазар на кој се среќаваат се поголем број понудувачи и побарувачи на вредносни хартии. Значи, треба да има стабилна понуда и побарувачка на вредносни хартии.<ref name="ReferenceA">Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание),Економски Факултет - Скопје, 2009, стр. 201.</ref> Заклучувањето на работите се одвива во главните простории на берзата. Тоа се вика т.н. службен пазар. Постои и неслужбен, но регулиран пазар, кој од службениот се разликува по тоа што во него се вклучени берзанските посредници, не се утврдува курсот, туку само цената. Од друга страна, покрај службениот и регулираниот пазар, постои и нерегулиран, слободен пазар, кој ја опфаќа сета трговија на вредносни хартии која не се одвива во службените простории на берзата, туку во споредни, или крај берзата. За овој пазар не важат берзанските правила и прописи.<ref name="ReferenceA"/>
* ''Пазари преку шалтери'' — Пазарот преку шалтер ([[англиски]]: ''over-the-counter market'')<ref>[http://www.otcmarkets.com/home OTC market]</ref> претставува алтернативен облик на пазар на хартии од вредност. Името го добил од неговиот дамнешен облик, кога клиентите доаѓале директно на шалтерите на банките и таму купувале или продавале хартии од вредност. Ваквиот облик одамна е исчезнат, но името останало и тоа денес се однесува за тргувањето во самите [[Брокерска куќа|брокерски куќи]], во кои денес се одвива огромен дел од прометот со хартии од вредност, посебно во западните земји. Имено, еден дел од куповните и продажните налози што ги добиваат брокерските куќи, можат според своите карактеристики (вид, количина, цена) да се реализираат во самата куќа, без да се излегува на берзата со нив. Така се избегнува плаќањето провизија на берзата и се поедноставува работата на брокерите.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.182.</ref> Друг вид на вонберзанско тргување денес е [[НАСДАК]] (''National Association of Securities Dealers Automated Quotations System''). Истиот, е пазар кој постои помеѓу овластените дилери во [[САД]] и кој претставува мрежа на меѓусебно електронско тргување. Тргувањето со хартии од вредност преку овој пазар се одвива така што инвеститорите контактираат директно со дилерите, кои, пак, тргуваат помеѓу себе без да ги напуштаат своите канцеларии, преку следење на понудата и побарувачката на хартиите од вредност на своите [[компјутер]]ски екрани. Денес, преку NASDAQ, се одвива огромен дел од прометот со хартии од вредност во САД, често надминувајќи го и оној на Њујоршката берза.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'', Економски Факултет - Скопје, 2008, стр. 182.</ref> Неорганизираниот пазар на капитал обично се одвива крај берзите и за него не важат берзанските правила и прописи. На него, по правило, учествуваат помали [[претпријатија]] кои не ги исполнуваат условите за тргување на берзите.<ref>Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание), Економски Факултет - Скопје, 2009, стр.199.</ref>
 
Ред 37:
 
== Видови хартии од вредност на пазарот на капитал ==
Во основа, постојат два вида долгорочни вредносни хартии: [[Обврзница|обврзници]] и [[акции]]. Главната разлика меѓу нив е што обврзницата е кредитна хартија, а акцијата е сопственичка вредносна хартија. Вредноста на светскиот пазар на обврзници изнесува окилу 100 трилиони долари. Вредноста на пазарот на акции во светски рамки изнесува околу 45 трилиони [[Долар|доларидолар]]и. Иако е помал од пазарот на обврзници, нивото на тргување на пазарот на акции е многу поголемо.<ref>[https://finance.zacks.com/bond-market-size-vs-stock-market-size-5863.html finance.zacks.com (пристапено на 15.1.2019]</ref>
 
=== Акции ===