Денес над Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jonovski (разговор | придонеси)
Дополнување со информации
с →‎Историја на химната: Стилска исправка, replaced: 4 год. → 4 г.
Ред 52:
Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во [[1941]] година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подоле ред. Така од првичните „... Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „... Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на [[Кочо Рацин]] „Од гроб станаа славните ѕидари...“ со „Одново сега знаме се веје...“ до која доаѓа при првото објавување на оваа песна во „Македонските народно-ослободителни песни“ во јуни [[1943]] година.
 
Во „Македонските народно-ослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов,<ref>Блаже Ристовски (уредник) „Рациновите македонски народно-ослободителни песни“, „Матица македонска“, Скопје, 1993, 40 стр.</ref> односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.
 
Нотниот запис е утврден од Тодро Скаловски 1944 година.
 
Иако „Денес над Македонија се раѓа“ се изведуваше како химна речиси на секоја свеченост низ Македонија, нејзиниот пат до официјализација како химна на СР Македонија беше долг. За првпат химна се споменува во Уставот на СРМ од 25.11.1974 год&nbsp;г. Член 10, вели „Социјалистичка Република Македонија има химна“, но не дава други детали која е таа химна. Конечно, со уставните амандмани од 14.4.1989, со амандманот XXIV, се заменува членот 10 од Уставот на СРМ. <ref>{{Наведена книга|title=Устав на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Амандмани на Уставот на СФРЈ. Устав на Социјалистичка Република Македонија. Амандмани на Уставот на СРМ.|first=|publisher=Службен весник на СРМ|year=1989|isbn=|location=|pages=455}}</ref> Текстот: „Химна на Социјалистичка Република Македонија е ‘Денес над Македонија’. Со што таа добива официјална позиција, но не е даден официјален текст.<ref>{{Наведена книга|title=Симболите на Македонија|first=Јован Јоновски|publisher=Силсонс|year=2015|isbn=9786082190914|location=Скопје|pages=289}}</ref>
 
Со уставот од 1991 година, химна на Република Македонија не беше усвоена туку тоа требаше да се стори со закон во рок од 6 месеци. За предлози за химна и за грб и знаме се објави јавен конкурс на кој пристигнаа 36 предлози за химна. Трите најдбори предлози беа „Химна“ од Таки Хрисик, „Денес над Македонија“ верзијата на Тодор Скаловски и „Да ни бидеш вечна“ од Александар Џамбазов. Сепак набргу во процесот за избор на симболи, остана „Денес над Македонија“ како единствен предлог. Химната е изгласана на 11.8.1992 година.
 
Единствениот амандман од Кирил Ковачевски, бараше третата строфа да гласи: „Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Груев, Сандански“, но беше одбиен со образложение дека текстот е авторски и веќе обнароден и не може да се менува.<ref>Стенографски белешки од Првото продолжение на Четириесет и првата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 11 август 1992 година. II/6.</ref> Химната беше изгласана со 88 гласови „за“. Пратениците од коалицијата ПДП-НДП го бојкотираше гласањето.<ref>{{Наведена книга|title=Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија|first=Јован Јоновски|publisher=Македонско грбословно друштво|year=2019|isbn=9786086633707|location=Скопје|pages=88}}</ref>