Фудбалски сојуз на Србија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Австро-Унгарија → Австроунгарија
с →‎Историја: stub sorting, replaced: -ви мај → мај, -ти мај → мај
Ред 13:
 
== Историја ==
Фудбалскиот сојуз на Србија е најголемата и најорганизирана [[спорт]]ска организација во [[Србија]]. Основана е на [[28 август]] [[1948]] година со одлука на Српското филозофско здружение. Сепак, [[фудбал]]от како игра во Србија има неспоредливо подолга традиција. Првиот фудбалски натпревар, според веродостојни записи, се одиграл уште во [[1896]] година помеѓу ѕидините на Долен Калемегдан и Кулата на Небојша (19-ти мај според стариот, или 31-ви мај според новиот календар). Организатор на натпреварот бил ''Гимнастичкото друштво Соко''. Во извештајот за вечерните вести, може да се прочита следново: ''Гимнастичарите изведоа разни игри со една голема топка, фрлајќи ја во висина, по растојание и што е најинтересно, само со нозете'' . За фудбалот се пишувало и во 1899 година кога (15 јуни) Првото српско здружение организирало натпревар на ново оградено игралиште во ''Домот за деца без родители'', на чија декорација биле потрошени 500 динари. Во пролетта 1901 година, според некои записи, фудбалот повторно се играл во [[Белград]]. Во април [[1903]] година, во белградското Гимнастичко друштво Соко бил основан фудбалски клуб со исто име. Шест месеци подоцна (14 септември), клубот Шумадија бил основан во [[Крагуевац]] на иницијатива на [[Данило Стојановиќ Даца]]. Најстариот српски клуб, сепак, е суботичка Бачка (3 август 1901 година), истакнувајќи дека [[Суботица]] во тоа време била дел од [[Австроунгарија]], па така овој клуб се натпреварувал во Лигата на Јужна Унгарија неколку години. Белградската „Соко“ и крагуевачката „Шумадија ја одиграле својата прва средба дури во 1904 година. Наскоро, формирани биле нови фудбалски клубови низ цела Србија: ''Душан Силни'' во [[Шабац]] (1908), ''Вихор'' во [[Обреновац]] (1909), ''Делиград'' во [[Алексинац]] (1909), ''Сокол'' во [[Кралево]] (1910), ''Олимпија'' во [[Ниш]] (1912), ''Јавор'' во Ивањица (1912), ''Озрен'' во [[Соко Бања]] (1912) и други. Преведени од [[Анастасис Христодул]] во 1905 година, биле објавени првите ''Правила на фудбалската игра во Србија''. Првиот фудбалски турнир во Србија се одржал во [[1913]] година. година. Учествувале екипите на Соколи, БСК и Шумадија.
 
== Натпревари ==