Joy Division: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Албумот Closer и самоубиството на Куртис: clean up, replaced: неможел → не можел
с →‎Први издавања: Правописна исправка, replaced: -ти април → април
Ред 12:
== Први издавања ==
 
RCA Records им понудиле на Joy Division да направат песната за N.F. Porter „Keep on Keepin’ On, а како за возврат им било дозволено одреден период да снимаат во професионалното студио Манчестер. Joy Division го поминаа крајот на март и април 1978 година пишувајќи и снимајќи пробен материјал. За време на концертот Стиф/Чизик во клубот Рафтерс во Манчестер, на 14-ти април, групата го привлекла вниманието на Тони Вилсон и Роб Гретон. Куртис го прекорил Вилсон поради тоа што не ги вметнал во неговото шоу So It Goes, на веќе сега неговиот непостојечки телевизиски канал Гранада. Вилсон како одговор на тоа кажал дека тие ќе бидат следниот бенд кој ќе се појави на телевизија. Гретон, резидент диџеј, бил толку многу имресиониран од бендот со што ги убедил Joy Division да им стане менаџер. За Гретон, со неговата истрајна решителност, се сметало дека е главен виновник за големиот успех на бендот. Тој придонел со неговите деловни вештини, кои и баш Joy Division не ги поседувале многу, за подобра креативна основа. Joy Division ја поминале првата недела од мај 1978 година снимајќи во студиото Arrow во Манчестер. Бендот бил незадоволен од продуцентот на Grapevine Records, Џон Андерсон, и од неговото инсистирање за додавање на синтисајзер за да ја омекнат музиката, така што го замолиле да го отпишат од договорот, кој бил неодамна потпишан со RCA.
 
Joy Division првото деби го имале во јуни 1978 година. Самиот бенд ја издал плочата „An Ideal for living“, а две недели подоцна една нивна песна, „At a Later Date“, била вметната во компилацискиот албум Short Circuit: Live at the Electric Circus (кој бил снимен во живо во октомври 1977 година). На прегледот од музичкиот весник Melody Maker, Крис Брејзер рекол дека „ја имаат онаа познато грубо-врежана природа на домашно продуцирани снимки, но тие не се свирачи на плех музика-за седум месеци имаат голем број на добри идеи и до сега можеби станале прилично забавен бенд“. На омотот од An Ideal for Living, на корицата имало цртеж од член на Хитлеровата младина и заедно со името на бендот, предизвикало шпекулации за нивните политички ориентации. Додека Хук и Самнер подоцна признале дека некое време биле заинтригирани од фашизмот, Морис инсистирал на тоа дека опсесијата со нацистичката фантазија е резултат на желбата за задржување на спомените од Втората светска војна и жртвите на нивните родители, баби и дедовци. Кажал дека обвиненијата на нео-нацистичките симпатизери едвај и ги испровоцирале кажувајќи „продолжете со тоа што го правите, бидејќи ние сме таков вид на луѓе“.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Joy_Division