Разлика помеѓу преработките на „Масерати“

Нема измена во големината ,  пред 3 месеци
с
→‎Историјат на компанијата: Правописна исправка, replaced: инжинер → инженер
с (Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга)
с (→‎Историјат на компанијата: Правописна исправка, replaced: инжинер → инженер)
 
Браќата Масерати биле во автомобилската индустрија од почетокот на 20 век. Компанијата е основана на 1 декември 1914 година во Болоња под називот - Società Alfieri Maserati. Од почетокот работилницата се бавела со преработка на автомобили Isota Fraskini за трки. Потоа, фирмата започнала соработка со Дијато, за кој Алфиери, Блиндо и Ернесто правеле дволитарски тркачки автомобили. Дијато во 1926 година, поради економски проблеми, прекинал да произведува тркачки автомобили, а браќата Масерати го направиле својот прв сопсвен автомобил „Tipo 26“. Со некои од првите нивни автомобили, Алфиери освоил во 1926 година трка за издржливост „Targa Florijo". Масерати почнал да произведува тркачки автомобили со 4, 6, 8 и 16 цилиндри, а уште еден од браќата Масерати , Марио, кој бил уметник, приднесол на компанијата така што тој за логото предложил „Нептунов трозабец". Алфиери ја водел Масерати до крајот на животот до 1932 година, а од тогаш неговите тројца браќа, Биндо, Ернесто и Еторе продолжиле да произведуваат тркачки автомобили кои победувале на трките.
 
Во 1937 година браќата Масерати го продале својот преостанат дел на фамилијата „Adolfo Orsi“, која во 1940 година ја преместила централата на компанијата во нивниот роден град Модена, каде што е до ден денес. Браќата Масерати продолжиле со инжинерскатаинженерската работа во фабриката, успесите на трките продолжиле и против германските автомобили, Мерцедес и другите. Во 1939 година Масерати 8CTF добил Indianopolis 500, а тој подвик се повторил во следната година.
 
==Наводи==