Мариински дворец (Киев): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
Дворецот започнал да се гради во [[1744]] година, во времето на руската царица [[Елисавета (Русија)|Елисавета Петровна]], а била проектирана од [[Бартоломео Растрели]], најпознатиот архитект во Руската Империја во тоа време. Еден од студентите на Растрели, Иван Мичурин, заедно со група на други архитекти, го завршиле дворецот во [[1752]] година. Првата царска посета на дворецот ја направила [[Катерина II (Русија)|Катерина II]] во [[1787]] г.
 
Кон почетокот на [[XIX век]], објектот бил опожарен. БоВо [[1870]] година, [[Александар II (Русија)|Александар II]] го преградил гворецот, а како главен архитект бил [[Константин Мајевски]].
 
За време на [[Руска граѓанска војна|Руската граѓанска војна]] во 1917-1920 г. дворецот служел како како штаб, особено во текот на Киево-болшевичкото востание. Во 1920-тите години, зградата била претворена во [[музеј]]. Во текот на [[Втората светска војна]], зградата била многу оштетена, а обновена кон крајот на 1940-тите. Друга голема реставрација објектот доживеал во 1980-тите години.