Опит: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Контролирани опити: Правописна исправка, replaced: лабарат → лаборат
Ред 37:
За да демонстрираме причинскопоследична хипотеза, опитот често мора да покаже дека, на пример, појавата се случила откога извесен третман бил даден на набљудуваното, и дека истата не се случува кога овој третман го нема.
 
Контролираниот опит начелнно ги споредува резултатите кои се добиваат од опитен примерок со резултатите добиени од контролен примерок (вистински примерок), кој е практично идентичен со опитниот примерок, освен во аспектот на кој ефект се испитува. Во многу лабараторискилабораториски опити добра идеја е да се имаат повеќе тестни примероци, со цел да се има и позитивна и негативна резултатна контрола. На резултатите од тестните примероци често може да се пресмета средна вредност, или ако се добие вредност од некој примерок која многу отстапува од другите резултати, може да се елиминира како неважечка поради опитна грешка (некој чекор од опитната постапка можеби бил пропуштен). Најчесто, тестовите се дуплираат или триплираат. Позитивна контрола е процедура која е многу слична со конкретниот опитна тест и за која се знае од претходните искуства дека ќе даде позитивен резултат. Негативната контрола дава негативен резултат. Позитивната контрола потврдува дека основните услови на опитот биле во можност да остварат позитивен резултат, и покрај тоа што, на пример, ни еден од опитните примероци не даваат позитивен резултат. Негативната контрола го демонстрира резултатот од основната вредност кој се добива кога тестот дава резултат кој не може да се измери позитивно; најчесто вредноста на негативната контрола се третира како „позадинска“ вредност која се вади од резултатите од тестните примероци.
 
Контролираните опити се особени корисни кога е тешко да се контролираат сите услови на еден опит.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Опит