C (програмски јазик): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Особености: Правописна исправка, replaced: често пати → честопати
с Правописна исправка, replaced: лабарат → лаборат (2)
Ред 18:
'''Програмскиот јазик Ц (C)''' е релативно нов програмски јазик. Тој е програмски јазик кој ги одбележа осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Ц е најраширен програмски јазик на светот. Тој е едноставен и елегантен програмски јазик кој ја пополнува празнината меѓу вишите програмски јазици и асемблерите (assembler) бидејќи ги комбинира особеностите на вишите програмски јазици со функционалноста на асемблерите. Поради тоа Ц можеме да го наречеме јазик што ги обединува својствата и на вишите програмски јазици и на асемблерите.
 
За творец на овој програмски јазик се смета [[Денис Ричи]] (Dennis Ritchie) од Bell-овите лабараториилаборатории на АТ&Т. Тој заедно со [[Кен Нортон]] (Ken Northon) работел на дизајнирање на првичните верзии на оперативниот систем [[ЈУНИКС]] (UNIX) и го имплементира на PDP 11. Во 1978 година [[Брајан Кернихан]] (Brian Kernighan) и Денис Ричи ја издале првата книга за програмскиот јазик Ц. Оваа книга служела како [[прирачно дело|референтна книга]] за јазикот сè до појавата на првиот [[ANSI]] стандард за Ц, десетина години подоцна.
 
Генеологијата на програмскиот јазик Ц е следнава. Како и за сите други структуирани програмски јазици, така и за програмскиот јазик Ц може да се каже дека негов најдалечен предок е програмскиот јазик ALGOL 60. ALGOL-от 60, како што кажува и неговото име, бил развиен во 1960 година од страна на повеќе национални групи. Тој настанал само неколку години по програмскиот јазик FORTRAN. При создавањето на овој јазик било посветено големо внимание на неговата синтакса, модуларната структура и многу други нешта за кои денес се смета дека се современи и полезни. За жал, овој програмски јазик не бил никогаш општо прифатен од програмерите, веројатно поради неговата преголема генералност, апстрактност и опширност.
Ред 27:
 
Мартин Ричардс (Martin Richards) исто така од Кембриџ, во 1967 година го создал јазикот BCPL (Basic Combined Programming Language). При тоа, поедноставувајќи го програмскиот јазик CPL, се обидел да дојде до поедноставен и применлив програмски јазик. Овој програмски јазик е сличен на макроасемблерите и се нашол во примена на повеќе компјутери меѓу кои и на некои микрокомпјутери (BBC и Sincler QL).
Натамошното поедноставување на овој програмски јазик било направено од Кен Томсон (Ken Thompson). Тој работел во лабараториителабораториите на Bell на имплементација на разните верзии на оперативниот систем ЈУНИКС. За таа цел, Томсон го создал програмскиот јазик Б во 1970 година. Јазикот Б претставува натамошно поедноставување на програмскиот јазик BCPL. Тој бил применет за реализација на првиот ЈУНИКС оперативен систем на компјутерот PDP-7.
 
Поедноставувањето на овие програмски јазици довело до тоа тие да личат на макро асемблери и да бидат употребливи само за ограничен број примени. Затоа, Денис Ричи се обидел да ја поврати изгубената генералност кај овие програмски јазици, конструирајќи го програмскиот јазик Ц во 1972 година.