Станко Илија Која: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Ѓиновец → Гиновец (7)
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: Врница → Врбница
Ред 13:
 
== Животопис ==
Поп Станко е роден е во [[1896]] година во [[Гиновец]], област [[Голо Брдо]] во [[Албанија]]. По завршувањето на училиштето, служел 3 години како поп во областа [[Шпат]], [[Елбасан]]. После заминувањето од Елбасан се вратил во областа Голо Брдо каде служел како поп до крајот на животот. Во времето кога служел како поп во родното место Гиновец, во областа Голо Брдо многупати добивал закани за по неговиот живот, но тој ревносно ја исполнувал својата света должност. Според сеќавањето на неговите соселани, ''„еден ден вторник, тргнал од [[Гиновец]] за [[ВрницаВрбница]] да крштева дете По патот 3 лица го нападнале од заседа и го убијле“убиле“.'' Причината за овој грозен чин била што попот, Станко Илиа Која, ја ширел православната религија кај Македонците во областа Голо Брдо. Така, почитуваниот отец на Македонците од Голо Брдо, починал во [[1941]] година, на 45 години восраст, оставајќи ги неговата сопруга и двете деца. Голема била загубата и за православните верници и негови почитувачи од Голо Брдо. Двајца од убијците биле погубени од страна на државата во [[Пискупија]] (Пешкопеја), еден од нив од страв од одмазда манифестирал психички пореметувања и умрел во болница за душевни болести.
Години подоцна, пожар го зафатил селото Гиновец, но неговата црква Свети Никола, каде тој служел, пожарот не ја зафатил. Според селаните нешто подоцна непознати лица ја запалиле црквата. По падот на комунистичкиот режимот на [[Енвер Хоџа]], Македонците од Голо Брдо ја обновиле црквата.