Разлика помеѓу преработките на „Зеленград“

Додадени 6 бајти ,  пред 8 месеци
с
→‎Демографија: Правописна исправка, replaced: с.К → с. К
с (→‎Демографија: Сменето со македонски апостроф, replaced: К'нчов → К’нчов)
с (→‎Демографија: Правописна исправка, replaced: с.К → с. К)
Пред да ги изнесеме информациите за развојот на населението ќе се задржиме на некои одредници кои, и во историјата и во демографијата, ќе послужат во надополнувањето на сликата за оваа населба. Имено, таа „празнина„ од информации од неколку векови секако дека не значи и мртвило и ненаселеност на овој простор. Ако се послужиме со паметењто и преданијата и легендите за населението на Зеленград, оваа населба спаѓа во групата новосоздадени села. Според тие легенди и преданија неговите маала се населени во почетокот на XVIII век. Првите населеници кои побиле колец, почнуваат со градба на куќа, во запуштеното земјиште, обраснато во шума во маалото „Село„ потекнувале од Горна Пчиња. Покрај нив уште три рода (Јовчевци, Мишеви и Соколови). Нешто пред нив се доселиле Славевци. Сите други, неколку родови се доселени од околните села Ратковица, Шталковица, Градец (Кочанско) и од Луково.
 
Самиот факт што голем број доселеници потекнуваат од Козјак, Горна Пчиња и Врањско не само во Зелениград туку и во околните селски населби, подлабоко во планината како што се с. Кнежево, Каврак, Емирица ако се има предвид времето на востанието на Карпош и пост восатничкиот период, кога наездата на Кримските Татари уништува се пред себе, убивајки, палејки, грабејки кога некои свештеници ќе запишат дека тоа е време кога ''живите им завидувале на мртвите'', ќе почнат масовни преселби на север пред теророт на Татарите. Секако дека тие преселби среде остра, незапамтена зима, уште повеке во непозната земја, преку Сава, изгледа дека голем дел од семејствата од овој крај останале длабоко во планините северно и околу Врање. А по неколку години, кога Татарите се вратиле на Крим, опустошените села и земја од овој дел на Македонија веќе немало кој да ја обработува. И затоа и покрај понудената амнестија враќањето назад на старите опустошени селишта не било брзо. По тие преданија, нашинците кои за време на востанието на [[Петар Карпош|Карпош]] се покажале многу „пргави„ заминале на север, оние другите постепено се враќаат на старите огништа.
 
Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македониja, Етнографиja и статистика]]“) од 1900 година, во Зеленград живееле 160 жители, сите [[Македонци]].<ref name=":0">[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_30.htm Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.222.]</ref>