Планинарски домови во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Планинарски домови: Правописна исправка, replaced: пијалоци → пијалаци
с →‎Планинарски домови: Јазична исправка, replaced: купатило → бања (2), купатила → бањи
Ред 24:
* [[Планинарски дом „Неолица“]] - Баба планина. Управува: [[ПД „Ѓорѓи Наумов“ - Битола]]. Местоположба: на 1440 мнв, 3 часа пешки од с. Буково или за 2 часа од с. Лавци, можен пристап со теренско возило од с. Лавци, капацитет 48 кревети, користи струја од агрегат. Можности: искачување на врвот Неолица, трекинг до Големо езеро за 6-7ч.
* [[Планинарски дом „Папрадиште“]] - Јакупица. Управува: Невлад. организација „Green power“ - Велес. Местоположба: во с. Папрадиште (1000 мнв), капацитет 30 кревети, пристап по асфалтен пат. Можности: Искачување на Солунска глава, посета на изворите на Бабуна.
* [[Планинарски дом „Плоча“]] - месност Плоча. Управува: [[АК „Плоча“ - Радовиш]]. Местоположба: блиску до магистралниот пат, се доаѓа со возило до него, две спални со 12 кревети, трпезарија со кујна, ВЦнужник со купатилобања, повеќе информации на нивниот вебсајт.
* [[Планинарски дом „Појак Калман“]] - Козјак (Кумановски). Управува: ГПД „Козјак“ - Куманово. Местоположба: старото школо во с. Дејловце, капацитет 22 кревети.
* [[Планинарски дом „Скочивир“]] - Ниџе (подножје). Управува: [[ПД „18 Август“ - Скопје]]. Местоположба: се наоѓа во селото [[Скочивир]], поранешна војна караула, домот располага со 40 кревети. Можности: Искачување на Кајмакчалан.
* [[Планинарски дом „Скопје 63“]] - Водно (Средно). Управува: [[ПД „Скопје 63“ - Скопје]]. Местоположба: Во месноста Средно Водно над Скопје, приземјето се издава комерцијално на ресторан, а спратот служи за одмор (евентуално и продажба на пијалаци), но нема можности за ноќевање. Можности: Искачување на врвот на Водно (1066 мнв) за 40-50 минути.
* [[Планинарски дом „Смрека“]] - Шар планина. Управува: [[ПД „Трансверзалец“ - Скопје]]. Местоположба: во скијачкиот центар Попова Шапка, пристап од Тетово по 20 км асфалтен пат, капацитет 80-90 кревети, има струја, вода и купатилабањи внатре. Можности: Искачување на Титов врв, Бриставец, трекинг до Боговинско езеро, Бело езеро, Лешница.
* [[Планинарски дом „Средно Водно“]] - Водно (Средно). Управува: [[ЖПК „Работнички-Китка“ - Скопје]]. Местоположба: во месноста Средно Водно, пристап по асфалтен пат од Скопје, нема можност за ноќевање. Можности: Искачување до врвот на Водно за 40-60 мин.
* [[Планинарски дом „Старавина“]] - Мариово. Управува: [[ПСД „Медикус“ - Битола]]. Местоположба: во самото село Старавина, капацитет 15 кревети, има струја, вода и купатилобања внатре. Можности: Посета на Градешнички извори за околу 2 часа во еден правец, посета на манастир Трново во с. Будимирци за околу 2ч, до Чебренски манастир за 2-3ч, искачување на врвот Кравица на самата граница (на Ниџе источно од Кајмакчалан) за околу 8ч во еден правец.
* [[Планинарски дом „Тајмиште“]] - Бистра. Управува: [[ЖПК „Работнички-Китка“ - Скопје]]. Местоположба: се наоѓа на самата жел. станица Тајмиште, пристап по асфалтен пат од Гостивар и пред Маврово се врти лево (оддалечен 100 км од Скопје), капацитет 40 кревети. Можности: Искачување на Сандакташ za 3-4ч.
* [[Планинарски дом „Црквиште“]] - Плачковица. Управува: [[ДПС „Лисец“ - Штип]]. Местоположба: Домот се наоѓа на северната страна на Плачковица во близина на врвот Туртел, гледа према Кочани, на 1590 мнв. Моментално има 20 кревети, агрегат на струја. Реконструкцијата е се уште во тек. Можности: Искачување на Туртел и Лисец.