|
|
'''Тодор Чаловски''' e поет, литературен критичар, есеист и преведувач. Роден е на [[23 август]] [[1945]] година во [[Гостивар]]. Основно образование завршил во [[Галичник]], гимназија во [[Скопје]] и Гостивар, а дипломирал на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар во весниците „Студентски збор“, „Вечер“ и „Нова Македонија“, во Радио Скопје, како уредник на Културна редакција и на Сектор за култура, литература и уметност, а бил и заменик-одговорен уредник на Радио 2000. Сега работи како уредник-коментатор во Македонското радио. Учествувал во уредувањето на списанијата „Белези“ и „Разгледи“, а бил главен уредник на ревијата на ДПМ „Стожер“. Бил секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија и член на Советот на СВП. Основач е на Книжевната колонија во Галичник.
==Литературно творештво==
|