Извештај за промените во капиталот и резервите: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: 1 год. → 1 г. (2)
с →‎Трансакции со акционерите: Правописна исправка, replaced: донесло → донело
 
Ред 74:
 
==== Трансакции со акционерите ====
Во продолжение, овој финансиски извештај ги прикажува и трансакциите со акционерите, коишто предизвикале промени на одделните сметки на капиталот и другите резерви на банката. На пример, ако во текот на финансиската година, банката издаде обични или приоритетни акции, распредели дивиденди или изврши откуп на сопствени акции, сето тоа ќе доведе до промени во нејзиниот капитал. Од табелата може да се забележи дека, во текот на годината, “Штедна банка“ издала нови сопственички инструменти во износ од 2,17 милиони [[денар]]и. Понатаму, банката издвоила дополнителни средства во полза на законската и останатата резерва во износ од 1,42 милиони и од 580 илјади денари, соодветно, зголемувајќи ги своите резерви. Од друга страна, собранието на акционерите на “Штедна банка“ донеслодонело одлуки да распредели дел од нето-добивката, во износ од 58,84 милиони денари, во вид на дивиденди. Понатаму, во текот на годината, “Штедна банка“ извршила откуп на сопствените акции во износ од 1,1 милиони денари. Овие две трансакции предизвикале намалување на сметката на капиталот на “Штедна банка“. Најпосле, збирот на почетната состојба на капиталот и резервите, добивката за финансиската година, вкупните неостварени добивки што се признаваат директно во капиталот и промените на одделните сметки на капиталот ја дава состојбата на капиталот и резервите на “Штедна банка“ на крајот од финансиската година, во вредност од 1,058 милијарди денари. Се разбира, овој износ ќе се јави како почетна состојба за промените во капиталот и резервите за идната година.<ref>Горан Петревски, Управување со банките - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр.45</ref>
 
== Наводи ==