Пјер Корнеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
с Јазична исправка, replaced: внесол → внел (2)
Ред 40:
==Творештво==
===Периодот до „Сид“===
Љубовната афера со Катерина го означила почетокот на книжевното творештво на Корнеј, кој во нејзина чест напишал повеќе песни меѓу кои особено се истакнува еден сонет, подоцна внесен во неговата прва пиеса. Всушност, врз основа на оваа љубовна афера, тој го збогатил бројот на ликовите, внесолвнел елементи од своремениот живот на Руан, настанот го дотерал преку внесување заплет околу кој се врти дејството и така настанала неговата прва драма, комедијата „[[Мелита]]“ (''Mélite'') од 1625 година. Во согласност со тогашната мода, „Мелита“ била исполнета со галантност, но за разлика од тогашните тешки и компликувани [[Трагикомедија|трагикомедии]], таа е првата чиста [[комедија]], но се разликувала и од популарните простачки фарси. Корнеј создал комедија со издржан стил, со лесни и пријатни стихови, со актуелна содржина и со живо дејство во кое учествуваат лица од секојдневниот градски живот. Поради тоа, во 1629 година, претставата била прикажана и во [[Париз]], постигнувајќи огромен успех.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 10-11.</ref>
<br />
По успехот на „Мелита“, во 1631 година, Корнеј ја напишал [[трагикомедија]]та „[[Клитандар]]“ (''Clitandre''), која се одликува со патетичен стил, со компликуван заплет и со развлечена содржина. Таа доживеала голем успех кај публиката, но не донесла ништо ново, поради што подоцна била критикувана од самиот Корнеј. Исто така, успехот на „Мелита“ го охрабрила Корнеј да напише уште неколку комедии: „[[Вдовица (драма од Пјер Корнеј)|Вдовица]]“ (''La veuve'') и „[[Галерија во судската палата]]“ (''La Galerie du palais'') од 1633 година, „[[Придружничка (драма од Пјер Корнеј)|Придружничка]]“ (''La suivante'') и „[[Кралскиот плоштад]]“ (''La place royale'') од 1634 година, како и „[[Комична илузија]]“ (''L'illusion comique'') од 1636 година. Сите тие се во духот на тогашниот стил, но содржат и некои нови елементи: невкусните шеги се исфрлени, декорот е париски, дијалозите се секојдневни и природни, амбиентот и дејството се актуелни, стилот е грациозен, јазикот е чист и воедначен, а стиховите се беспрекорни и сугестивни. Исто така, во овие драми се јавуваат и некои од основните обележја на подоцнежниот [[класицизам]]: стегнатост, стилска изедначеност и јасност, [[морал]]на анализа, силна личност што се одликува со хероизам итн. Иако постигнал голем успех со комедиите, Корнеј не нашол задоволство во овој жанр и постепено се префрлил на [[трагедија]]та.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 11-12.</ref>
Ред 61:
 
=== Периодот по „Сид“ ===
И покрај нападите, драмата „Сид“ продолжил да го привлекува вниманието на публиката, но Корнеј бил разочаран така што, наспроти навалувањето на неговите пријатели и порачките од театрите, тој не сакал да пишува. Поради тоа, на 15 јануари 1639 година, Шаплен напишал: „Корнеј веќе ништо не работи.“ Сепак, Корнеј ги демантирал таквите гласини и набргу му се вратил на театарот: во 1640 година се појавиле две негови трагедии, „[[Хорациј (драма на Пјер Корнеј)|Хорациј]]“ (''Horace'') и „[[Сина (драма на Пјер Корнеј)|Сина]]“ (''Cinna'') кои биле плод на неговата душевна состојба во тој период и на искуството здобиено од полемиката со непријателите на „Сид“. Во 1643 година, Корнеј ја напишал трагедијата „[[Полиевкт (драма на Пјер Корнеј)|Полиевкт]]“ (''Polyeucte'') која претставува израз на неговата побожност, а две години подоцна напишал уште една трагедија со слична тематика - „Теодора, девица и маченичка“ (''Théodore, vierge et martyre''). И покрај тоа што во тоа време биле во мода делата со ваква тематика и што била фалена од критичарите, сепак „Теодора“ не била примена со успех кај публиката. Воопшто, по „Полиевкт“ настапил период во творештвото на Корнеј (од 1643 до 1652 година) кога, под влијание на жестоките критики, тој барал нови теми и нова драматургија. Притоа, во 1643 година, тој ги создал комедијата „[[Лажливец (Корнеј)|Лажливец]]“ (''Le Menteur'') и трагедијата „[[Смртта на Помпеј (Корнеј)|Помпеј]]“ (''La Mort de Pompée''), а една година и „Продолжеток на Лажливецот“ (''La Suite du Menteur'') од кои „Лажливец“ е најдобрата негова комедија. Во овој период, Корнеј ги напишал и компликуваните трагедии „[[Родогуна (Корнеј)|Родогуна]]“ (''Rodogune''), „[[Ираклиј (Корнеј)|Ираклиј]]“ (''Héraclius'') и „[[Пертарит (Корнеј)|Пертарит]]“ (''Pertharite''), кои се пренатрупани со бројни настани и цел комплекс на интриги, сосема спротивно на едноставноста на неговите претходни дела од типот на „Сид“, „Сина“, „Полиевкт“ и „Хорациј“. Во потрагата по нешто ново, во 1650 година, Корнеј ги создал драмите „[[Андромеда (драма на Пјер Корнеј)|Андромеда]]“ (''Androméde''), еден вид [[опера]], „Дон Санчо Арагонски“ (''Don Sanche d'Aragon'') која ја именува како „херојска комедија“ и неколку други кои ја сочинуваат групата пиеси од „вториот начин“. Овие дела се одликуваат со сложена фабула, бројни настани, ефектни расплети, употреба на надворешни ефекти и [[барок]]ен стил. Во нив, Корнеј внесолвнел нови елементи кои значеле отстапување од принципите на класичната драма. Единствемо отстапување од овие драми е „[[Никомед (Корнеј)|Никомед]]“ (''Nicomede'') од 1651 година, која се одликува со едноставно дејство и во која Корнеј предложил нова концепција, изложена во предговорот на драмата. Во 1652 година, Корнеј напишал уште една трагедија со политички примеси, „Пертарит“ (''Pertharite'') во која неговите современици виделе отсјај на [[Англиска револуција|Англиската револуција]]. Тоа било и делумна причина за симнување на претставата од репертоарот, иако најважната причина била слабиот успех кај публиката, предизвикан од новата концепција на Корнеј.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 23-32.</ref>
<br />
Творештвото на Корнеј во овој период било под влијание на одреднеи случувања во неговиот живот. Така, по два неуспешни обиди, во 1647 година, тој бил примен во Француската академија и тоа го принудило да живее во Париз каде не се чувствувал удобно, така што кај него се јавила одредена депресија и вознемиреност. Тогаш, тој потпаднал под влијанието на италијанската театарска мода. Во тоа време, кардиналот Мазарен донесол во Париз италијанска опера, предводена од уметникот Торели. За да го задоволи вкусот на Мазарен, во соработка со Торели, Корнеј почнал да пишува пиеси од посебен род (''piéces àmachines'') кои биле комбинација на музички и сценски ефекти. Прва од таа низа била пиесата „Андромеда“ (''Andromède'') од 1650 година, со мотив преземен од „[[Метаморфози (Овидиј)|Метаморфозите]]“ на [[Овидиј]], збогатени со нови детаљи и епизоди. Во сличен стил, тој ги напишал и делата „[[Златното руно (Корнеј)|Златното руно]]“ (''La Toison d'or'') од 1660 година и „[[Психеа (Корнеј)|Психеа]]“ (''Psyché'') од 1671 година, создадена во соработка со [[Молиер]].<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 29-31.</ref>