Висарион Дебарски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Пелагонискиот регион → Пелагонискиот Регион
Ред 14:
Првото негово датирано книжевно дело е пишувано околу 1540 г., а последното 1565 г. Тој е активен книжевник кој не се задоволува само со препишување на веќе постојните ракописни книги, туку самиот врши избор на текстови, создавајќи ракописни зборници во кои преовладуваат текстови од филозофско-богословска, догматска, граматичка и полемичка содржина. Во овој тип негови ракописи се: „Дионисиј Ареопагит“ (1542), „Посланието на [[Јован Дамаскин]] до Козма Мајумски“, „Богословски зборник“ (1540), „Поученија на [[Кирил Александриски]]“, „Златоуст“ (1548), „Четвороевангелие“([[1548]]), „Слепченски поменик“ (1548) и др. Во прологот за март-август 1554 г. е поместена најголемата збирка патерички раскази што досега е пронајдена од таков тип словенски ракописи. во ова значајно дело Висарион ги вметнал расказите: „Отец Герасим и лавот“, „За картагенскиот војвода“, „Филозофот Евгариј и епископот Синесиј“, „За калуѓерот кој бил несправедливо обвинет за кражба“, „За жената која била убиена од својот свекор“, „Папа Григориј Римски“, „Павле Препростиот“... Висарион со овој свој пристап ја открива својата световна определба.
 
За реномето на овој книжевен деец зборува и соработката со охридскиот архиепископ [[Прохор (охридски архиепископ)|Прохор]], кој бил голем почитувач на словенските ракописи, а некои ракописи Висарион ги напишал по негова порачка.<ref name="ReferenceA">Слепченскиот книжевно-уметнички центар - Ванѓелко Лозаноски, Битола 1987</ref> Од големиот број ракописи на Висарион Дебарски засега може да се зборува за триесетина ракописи, за кои со сигурност се знае дека се негови или за кои се претпоставува дека би можеле да бидат препишани од неговата рака.<ref>Библиотеките во црквите и манастирите во Преспанско-Пелагонискиот регионРегион - Анета Стефановска, Науме Ѓоргиевски, Битола 2010</ref> Тие денес се наоѓаат во библиотеката при БАН во Софија, во Југословенската академија во Загреб, во [[НУБ „Св. Климент Охридски“]] во Скопје, во библиотеката на Академијата на науките во [[Санкт Петербург]], во Хлудовата збирка во [[Москва]], во Народната библиотека во Софија, во Софискиот црковен музеј и др..<ref name="ReferenceA"/>
 
== Наводи ==