Свети Наум Охридски Чудотворец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отповикани уредувањата на Василко (разговор), враќајќи на последната преработка на 79.100.26.101
Ознака: Отповикување
Едно од чудата на Св. Наум Охридски
Ред 43:
 
Во посланието на [[Архиепископ Охридски Јосиф|охридскиот архиепископ Јосиф]] од [[21 мај]] [[1740]] година се вели дека „чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“. Сепак, првите легенди и преданија за неговите чуда биле објавени во втората половина на [[19 век]]. Во [[1925]] година, српскиот епископ во [[Охрид]], владиката Николај, издал книшка со триесет чуда, преданија и кажувања за св. Наум, пишувајќи дека „Св. Наум е почитуван и живее како опомена и совест во душите на луѓето“. Во една легенда се вели дека охридскиот цар му го изградил манастирот на св. Наум, додека во друга легенда, запишана од [[Бранислав Нушиќ]], се вели дека манастирот бил царски дворец кој св. Наум го добил како подарок за излекувањето на царската ќерка.<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодатите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 25.</ref>
 
== Чудото на Свети наум со мечката ==
Според преданијата, еден ден, еден момок кој служел во манастирот на Свети Наум, отишол со воловите да изора една нива која била во близина на манастирот. Додека ја орал нивата, од планината се симнала една мечка и веднаш изела еден од воловите, а момокот отрчал во манастирот исплашен и вознемирен и таму го сретнал Свети Наум. Веднаш му раскажал што се случило. Откога го ислушал смирено, Свети Наум му рекол на момокот дека тоа е божја работа и дека треба да се врати на нивата да ја доврши работата. Момокот послушал и кога отишол имало што да види, во јаремот била впрегната мечката заедно со преостанатиот вол. Момокот се зафатил со работа и до крајот на денот ја изорал нивата со помош на мечката.
 
==Свети Наум како мотив во уметноста==