Махатма Ганди: Разлика помеѓу преработките

Одземени 10 бајти ,  пред 1 година
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
с (→‎Движењето за граѓанските права во Јужна Африка: Правописна исправка, replaced: неможел → не можел)
Нема опис на уредувањето
Избегнувајќи ја официјалната прослава на независноста на Њу Делхи, Ганди ги посетил погодените области каде што се обидел да даде утеха. Во следните месеци, тој отпочнал неколку пости, за да ја потикне религиозната хармонија. Последниот од тие пости, отпочнат на 12 јануари 1948 година, на возраст од 78 години, исто така имало индиректна цел во притискањето на Индија да плати некој паричен капитал што се должел на Пакистан. Некои индијци помислиле дека Ганди бил премногу попустлив.
 
Помеѓу нив, бил Натурам Годсе, хиндуски националист, кој го убил Ганди на 30 јануари 1948 година со пукање на три куршуми во неговите гради. Махатма Ганди често, иако неофицијално, се смета за Татко на нацијата. Неговиот роденден, на 2 октомври, во Индија се празнува како, раѓањето на Ганди (ˮGandhi Jayantiˮ), кој е национален празник и во целиот свет, како Меѓународен ден на насилството.
 
==Живот и образование==
Во мај 1883 година, 13-годишниот Мохандас бил во брак со 14-годишната Кастурбаи Макањи ( нејзиното име обично се скратувало на „Кастурбаˮ и изгледало нежно со наставката „Баˮ) со договорени детски бракови, според обичајот на тој крај. Со таквата постапка, тој изгубил една година во училиште. Потсетувајќи се на денот на нивниот брак, Ганди еднаш рекол: „Како што не знаевме многу за бракот, за нас тоа значеше само носење на нови алишта, јадење на слатки и играње со роднинитеˮ.
 
Сепак, како што била тогашната традицијата, малолетната невеста поминувала повеќе време во куќата на нејзините родители, а далеку од нејзиниот сопруг. Во 1885 година, кога Ганди бил 15 години, на двојката им се родило првото дете, но преживеало само неколку дена.Таткото на Ганди, Карамчанд Ганди, починал исто така таа година,. Религиознато потекло било избрано. Таткото на Ганди бил од Хиндуската заедница на Мод Банија, а неговата мајка била од Пранамско-ваишнавско семејство. Религиозните личности биле чести посетители на нивниот дом.
 
Мохандас и Кастурба имале уште четири деца и сите биле машки: Харилал, роден во 1888година, Манилал, роден во 1892 година, Рамдас, роден во 1897 година и Девдас, роден во 1900 година. Во своето средно училиште во Порбандар и средното училиште во Рајкот, Ганди останал како просечен ученик. Ганди не бил посветен ниту во училницата, ниту на игралиштето.
Кога имал 24 години, Ганди пристигнал во Јужна Африка за да работи како правен застапник за муслиманско-индиските трговци со седиште во градот Преторија. Поминал 21 година во Јужна Африка, каде што ги развил своите политички ставови, етиката и политичките водачки вештини. Историчарот Гуа тврди дека, кога Ганди се вратил во Индија во 1914 година, тој бил умешен во јавното говорење, во собирањето на финанскиски средства, во преговори, во односи со медиумите и во самозалагањето.
 
Индијците во Јужна Африка биле водени од богатите муслимани, кој го вработиле Ганди како адвокат и во согласност со хиндиските договорени работници со многу ограничени права. Махатма Ганди ги почитувал сите нив како индијци, со вечен став дека „индијцитеˮ ја надминале религијата и општествениот слој. Верувал дека тој би можел да ги помести историските разлики, особено во однос на религијата и со тоа верување кога се вратил во Индија, се обидел да го спроведе тоа.
 
Со неговото искуство од Јужна Африка, Ганди бил изложен на препреки, без да биде свесен за тоа. Забележал дека немал допир со огромните сложености на верскиот и културниот живот во Индија и верувал дека тој ја има разбрано Индија со запознавањето и со главните водачи на Јужна Африка.
 
Во Јужна Африка, Ганди се соочил со дискриминацијата насочена кон сите луѓе од другите раси. Во градот Питермарицбург тој бил фрлен од воз по одбивањето да се потргне заради луѓето од првата класа. Ганди за тоа протестирал и следниот ден му било дозволено од првата класа. Патувајќи подалеку со кочијата, возачот го претепал Ганди бидејќи одбил да се помрдне и да направи место за еден европски патник. Тој на патувањето трпел и други неволји исто така, вклучувајќи и забрана за опстојување во некои хотели. Во друг инцидент, судијата на Дурбанскиот суд наредил Ганди да го острани својот турбан од главата, а тој одбил да го стори тоа.
 
Овие настани биле пресвртна точка во животот на Ганди, а го оформиле неговиот социјален активизам и го освестиле од социјалната неправда. По докажувањето на расизмот, предрасудите и неправдата против индијците во Јужна Африка, Ганди почнал да го преиспитува неговото место во општеството и неговите луѓе што стојат во Британската Империја.Махатма Ганди го продолжил својот креативен период во Јужна Африка, за да им помогне на индијците во спротивставувањето на предлог-законот да ги елиминираат нив од правото за гласање. Во однос на овој предлог-закон, Ганди пратил меморандум до Џосеф Чемберлен, Секретар на Британската колонија, барајќи од него да ја преиспита неговата позиција за овој предлог-закон. Иако не можело да се запре донесувањето на законот, неговата кампања била успешна, обрнувајќи го вниманието врз жалбите на Индијците, во Јужна Африка.
Во 1894 година, Ганди помогнал во основањето на Индискиот Конгрес во Натал, и преку оваа организација, тој ја направил Индиската заедница во Јужна Африка, во обединета политичка сила. Во јануари 1897 година, кога Ганди слетал во Дурбан, го нападнале толпа од белите доселеници, а тој само избегал преку напори, со помош на сопругата на началникот. Меѓутоа, тој одбил да ги притисне обвниненијата против било кој член од толпата, наведувајќи дека тоа било еден од принципите да не се бара надомест за лична грешка во Законот на судот.
 
Во 1906 година, владата на Трансвал изгласала нов Закон за задолжителна регистрација за популацијата на Индиската колонија. На масовните протести, состанокот одржан во Јаханесбург на 11 септември истата година, Ганди за првпат ја донесол неговата развиена методологија за Сатјаграха (ˮSatyagrahaˮ), (преданост кон вистината), или со други зборови, ненасилен отпор. Власта успешно ги потиснала индиските демонстранти, но јавното протестирање врз суровата постапка на мирните индиски демонстранти од страна на Владата на Јужна Африка го присилил јужноафриканскиот водач Јан Кристијан Смутс, да преговара за компромис со Махатма Ганди. Идеите на Ганди се оформиле, а концептот за „Сатјаграха“ се развил за време на оваа борба.
 
===Ганди и Африканците===
Додека престојувал во Јужна Африка, Махатма Ганди своето внимание го насочил кон Индијците и се спротивставил на идејата дека Индијците треба да се третираат на исто ниво како и домородните Африканци. Тој исто така, истакнал и верувал дека „белата раса во Јужна Африка треба да доминираˮ. После неколку постапки што ги добил од белците во Јужна Африка, Ганди започнал да го менува своето мислење и неговиот интерес во политиката очигледно се зголемил. Правото на белците се засилило со строга сегрегација меѓу сите раси и предизвикало конфликт помеѓу тие заедници.
 
Бана и Вајд тврдат дека Ганди, најпрво, делел расни идеи од тоа време, а неговите искуства во затворот го направиле чувствителен за маките на домородните народи на Јужна Африка. Во 1900 година, за време на Бурската војна, Ганди доброволно оформил група возачи за брза помош. Сакал да ја негира британската идеја дека хиндусите не биле погодни за „јуначкиˮ активности кои вклучуваат ризик и напор. Ганди со тоа покренал илјада и сто индиски доброволци. Тие биле обучени и медицински потврдени дека можат да служат во првите редови.
 
На битката Спион-Коп, Ганди и неговите носители морале да ги носат ранетите војници со километри до болницата, бидејќи теренот бил многу груб за амбулантни возила. Само што се израдувал Ганди, некој кажал дека европската Брза помош не можат да патува без храна и вода. Генералот Редверс Балер во неговото испраќање ја спомнал храброста на индијците. Ганди и триесет и седум други индијци со ова добиле Воен медал.
 
Во 1906 година, кога Британија објавила војна против Кралството Зулу во Натала, Ганди ги охрабрил британците да ги регрутира и индијците. Тој тврдел дека индијците треба да ги поддржат воените напори за да ги оправда своите права на целосно државјанство. Британија ја прифатила понудата на Ганди и дозволила издвојување на 20 индијанци доброволно да служат во службата за носачи на носилки, за лекување на повредените британски војници.Со оваа служба управувал Ганди и работела помалку од два месеци. Ганди од искуството научил дека ова било безнадежно, директно да предизвика огромна воена моќ на британската армија. Сфатил дека отпор на ненасилен начин ќе може да се пружи само со чисто срце.Откако црнците дошле на власт во Јужна Африка, Ганди бил прогласен за национален херој со многубројни споменици.
 
==Борба за индиска независност (1915 – 1947 година)==
Иако Ганди не ја започнал Конференцијата на муслиманите во Индија која го насочило движењето во Индија, тој брзо потоа станал најзначаен претставник и привлекол силна база од муслиманска поддршка со локални членови во сите муслимански центри во Индија. Неговиот успех ја направила Индија првиот национален водач со мултикултурна база и го олеснила неговото издигнување на власт во Конгресот, што пред тоа било невозможно да опфати толку многу муслимани. Ганди во 1920 година станал главен водач во Конгресот. До крајот на 1922 година, движењето пропаднало.
 
Ганди секогаш се борел против „комунизмотˮ, кој ги задлабочил муслиманите против хиндусите во политиката, но не можел да го анулира брзото развивање на комунизмот по 1922 година. Смртоносни религиозни немири избувнале во многу градови, вклучувајќи деведесет и еден немир само во државата У.П. ( Утар Прадеш). Со состојбатата на раководењето, бројот на муслиманите помеѓу делегатите на Конгресот нагло опаднало, од 11% во 1921 година, на помалку од 4% во 1923 година.
 
===Августовското движење Сатјаграха===
===Припадниците на најниската каста во Индија===
 
Во 1932 година, преку кампањата на Далит, водачот [[Б.Р. Амбедкар]], владата со новиот Устав доделила недопирливи оделни избирачки тела, познато како Заедничка награда. Ганди протестирал со тоа што, започнал шестдневен пост на 20 септември 1932 година, додека бил затворен во затворот Јервада, во Пуна. Како резултат на јавна осуда, тој успешно ја принудил владата да донесе правичен договор (Поона пакт), преку преговори со посредство на Палванкар Бало.Ова било почеток на нова кампања од страна на Ганди, за да ги подобри животите на припадниците на најниската каста („untouchablesˮ), којшто ги нарекол Харијанци, деца на Бога. На 8 септември 1931 година, Махатма Ганди, кој пловел на бродот „СС Рајпутана“, на втората Конференција „Раунд Тејбл“ во Лондон, се сретнал со Меер Баба во неговата кабина на бродот, кадешто разговарале за проблемите на „припадниците на најниската каста“ („Untouchables“), политиката, државната независност и духовност.
 
На 8 мај 1933 година, Ганди го започнал 21-от ден од постењето за самопрочистување и започнал едногодишна кампања за помош на Харијанското движење. Оваа нова кампања, универзално не била прифатена во заедницата Далит, бидејќи Амдекер го осудил Ганди за употребата на терминот Харијани, со тоа велејќи дека Далитите биле социјално незрели, а дека привилигираната каста на индијци се престставувале со патерналистичка функција. Амдекар и неговите сојузници исто така осетиле дека Ганди ги нарушувал политичките права на Далитите.
Анонимен корисник