Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Додаден нов поднаслов „Судир со Жак Ру и гневните“
Додаден поднаслов Смртта на Мара од Жак Луј Давид
Ред 302:
Студијата не била без свои ограничувања: ДНК очигледно не била добиена додека Мара бил жив и според тоа, не кажува колку други раце ја допирале и ја загадиле хартијата на весникот низ годините. И, дури ако современиците на Мара знаеле дека тој има габична инфекција (или знаеле за теоријата на болест од микроби), тие немале да знаат како да ја третираат.
 
Современите дерматолози можеби не ќе можеле да ја третираат, според Лалуеза-Фокс: Историските извештаи сугерираат дека габичната инфекција или евентуална секундарна инфекција кога имунолошкиот систем на Мара бил ослабен од ''Malassezia'', достигнала крајност што ретко би се појавила под современ медицински надзор. „Дури и обучените дерматолози никогаш не би виделе еден таков екстремен пример“, изјавил Лалуеза-Фокс.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.nationalgeographic.com/history/2019/11/200-year-old-dna-french-revolutionary-marat/|title=What can 200-year-old DNA tell us about a murdered French revolutionary?|last=Blakemore|first=Erin|date=November 20, 2019|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>[[Податотека:Jacques-Louis

=== David - La Mort de Marat.jpg|мини|''Смртта„Смртта на Мара''Мара“ од Жак-Луј Давид, 1793, Брисел.]]===
Завршенa во 1793 година, неколку месеци подоцна, Давидовата слика на настанот живописно ги претставува моментите на смртта на радикалниот новинар, веднаш по неговото убиство. Освен што беше водечки француски сликар во неговата генерација, Давид беше истакнат монтањар и јакобинец, во сојуз со Мара и Максимилијан Робеспјер. Делегат за секцијата Музеј во Конвенцијата, тој гласаше за смртта на кралот и служеше во Комитетот за општа безбедност, каде што активно учествуваше во казнувањето и затворањето на многу заробеници.
 
Насликан во идеализиран стил, кој потсетува на христијански маченик, Мара се појавува без знаци на неговата хронична кожна болест, но наместо тоа му се дава неизвалкан изглед. Монументалното платно беше направено за да го одбележи споменот на еден личен херој. И покрај тоа што името на Шарлот Кордеј се гледа на хартијата во левата рака на Мара, самиот убиец е изоставен од сликата, иако би ја дала најдраматичната точка на фокусот. Наместо тоа, се потенцира ранливоста на Мара, иако во реалноста таа сè уште била присутна во собата. Давид избра благородништвото на мачеништвото да биде доминантна порака на сликата. Иако Кордеј го оставила ножот убоден во градите на Мара, тој е претставен на земја, покрај кадата, овозможувајќи му на херојот порафинирана смрт. За инспирацијата околу држењето на човекот што умира, историчарите на уметност идентификувале сличности помеѓу „Погребувањето на Христос“ од Караваџо и „Смртта на Мара“ во примената на светлината и сенката.
 
На сликата е прикажано писмото на Кордеј, стиснато од раката на човекот што умира, и гласи „Il suffit que je sois bien malheureuse pour avoir droit a votre bienveillance“ (Со оглед на тоа што не сум среќна, имам право на ваша помош.) Измамата на убиецот е откриена за сите да ја видат. Во долниот центар на композицијата, десната рака на Мара сè уште стиска перо, бидејќи во последните моменти напишал белешка, што може да се види на дрвената кутија. Писмото напишано на брза рака одобрува директна исплата за некоја вдовица и нејзините пет деца, чиј татко бил убиен борејќи се за каузата на Републиката. Дури и во смртта, Мара е претставен како величествен херој.
 
За време на теророт, на сликата ѝ се воодушевуваа, а водачите нарачале неколку копии на оригиналното дело. Сепак, по соборувањето и погубувањето на Робеспјер, сликата стана помалку популарна. На лично барање, сликата му била вратена на Давид во 1795 година, кога тој самиот бил кривично гонет за вмешаност во теророт. Дури по доаѓањето на Наполеон на власт, тој повторно ќе стане истакнат сликар. Од 1795 година до смртта на Давид, сликата исчезнала без трага. За време на прогонството на уметникот во Белгија, таа била скриена во Франција од Антоан Грос, ученик на Давид. Во 1826 година семејството се обидело да ја продаде сликата, но без успех. Критичарите повторно ја откриле во средината на XIX век, кога одново имало зголемен интерес за Давид кај уметниците и научниците. Во дваесеттиот век, сликата инспирирала неколку водечки уметници, вклучувајќи ги Пикасо и Мунк, кои произвеле свои верзии на оваа тема.
 
Оригиналната слика моментално е изложена во Кралскиот музеј за ликовни уметности во Брисел, бидејќи еден од потомците на Давид ја оставил во 1886 година на градот кој му пружел на уметникот прибежиште. Преживеале неколку копии направени од ученици на Давид, особено во музеите во Дижон, Ремс и Версај. Интересно е што оригиналното писмо, со дамки од крв и вода од бањата кои сè уште се видливи, преживеало и во моментов недопрено е во сопственост на Роберт Линдзи, 29-тиот гроф од Крафорд.<ref>{{Наведена книга|title=Delphi Complete Works of Jacques-Louis David|first=Peter Russell|publisher=Delphi Classics|year=2017|isbn=|location=|pages=}}</ref>[[Податотека:Jacques-Louis David - La Mort de Marat.jpg|мини|''Смртта на Мара'' од Жак-Луј Давид, 1793, Брисел.]]
== Политичката мисла на Жан-Пол Мара ==
Жан-Пол Мара, под влијание на Жан-Жак Русо, е поодреден во предвидувањето на Француската револуција од 1789 година од Шарл Луј Монтеские, Франсоа Волтер и другите просветители. За разлика од нив, отворено и гласно, дваесет и пет години пред време, го употребувал зборот „револуција“, тврдејќи дека злото е во самите нешта, дека „лекот мора да биде силен“ и дека „мора да се удри по коренот“. Од четири илјади објавени книги пред 1789 година, неговите се најзабележителни по јасноста на повикот на народот на вооружено востание.