ФК Стеауа Букурешт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Makenzis (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
с →‎Популарноста на Стеауа: Јазична исправка, replaced: референци → наводи
Ред 127:
Голем број музичари или телевизиски и филмски режисери добија инспирација од идеи поврзани со клубот,поради неговата огромна популарност во Романија.Сепак,популарноста се зголеми по Романската револуција во 1989 година,бидејќи пред тоа медиумските програми беа најчесто контролирани од поранешниот комунистички режим.Во 2002 година,романскиот филм Фурија(Furia) прикажа сцени во кои навивачките групи на Стеауа и Динамо се пресметуваат меѓусебе на улиците по натпреварот на тимовите.Комичното шоу Мондении(Mondenii) на телевизијата Прима(Prima) често емитува пародиски скечеви со сопственикот на Стеауа Георге Бекали,фудбалерите и другите претставници на клубот.Серијата Ла Блок(La bloc) на телевизијата Про(Pro) емитуваше епизода во која ликовите Нелу и Костел се појавуваат како претставници на Стеауа во натпревар за паркинг простор против двајца други соседи,кои се претставници на Динамо Букурешт.
Неколку музички примери ја прикажуваат поврзаноста со Стеауа.Освен клупските химни објавени во периодот од Марсел Павел,Бере Гратис,Газ пе Фок,во 2006 година е објавен албум како компилација од Мирча Винтила, Чиканос,Богдан Дима и неколку други музичари.Деликт и Ултрас се две пораншни хип-хоп групи,чии членови ја отпеаја непостоечката навивачка група Армата Ултра и секогаш ќе прикажуват материјали поврзани со фановите.Исто така,Волтај,во нивната песна MSD2 ги спомнаа(им се обраќа на)навивачите со стихот “Poți să fii câine sau poți fi stelist”(Можеш да бидеш куче или навивач на Стеауа).
Поврзаноста на клубот со песната Марија(Maria)на германската група Скутер(Scooter),претставува една од најпознатите референцинаводи на поп-културата.Во 2003 г. на северната трибина од стадионот, првпат и спонтано беше чуена песната,испеана од навивачите кога Стеауа ќе постигне гол.Ототогаш,тоа е неофицијална химна на клубот и се пушта на стадионот пред почетокот на секој натпревар.Сепак,песната ја губи својата популарност меѓу симпатизерите на Стеауа,главно поради тоа што стана премногу комерцијална и многу фанови не се чувствуваат повеќе тесно поврзани со неа.
 
Успеси