Бартоломео Дијас: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Замена со правилен апостроф, replaced: 'Ртот → ’Ртот (4)
Ред 24:
Бродот на Дијас, „Свети Христифор“ бил под спроводништво на Перо де Аленкер, а со него била испратена уште една каравела, „[[Свети Пантелејмон]]“ (''São Pantaleão''), под заповедништво на Жоан Инфанте и спроводништво на Алваро Мартинс. Брат му на Бартоломео, Перо Дијас, бил капетан на помошниот брод, под спроводништво на Жоан де Сантјаго.
 
Бродовите пловеле на југ, долж западниот брег на Африка. По пат, ги дополниле залихите во португалската тврдина Сао Жорже де Мина на Златниот Брег (денешна [[Гана]]). Одминувајќи ја Ангола, Дијас стасал до заливот Консејсан (денес [[Волвис Беј|Валфисбај]], Намибија) во декември. Продолжил на југ, ја открил Ангара дос Илјеус, соочувајќи се со силна бура. По тринаесет дена, во кои веќе бил на отворен океан, се упатил кон исток во потрага по брегот и ги открил и искористил западните ветришта (кружната [[морска струја]]), но наместо копно, бил повторно пресретнат од океанската шир. Заобиколувајќи го [['Рт на Добрата Надеж|'Ртот’Ртот на Добрата Надеж]] на значајно растојание од запад и југозапад, свртил накај исток, искористувајќи ги антарктичките ветришта кои дуваат силно во јужниот Атлантик, па се упатил североисточно. По 30 без копно на повидок, на 4 февруари 1488 г. навлегол во заливот [[Свети Власиј]] (''Aguada de São Brás''), денешен [[Моселбај]]. Експедицијата ја достигнала најдалечната точка на 12 март 1488 г. кога бродовите се закотвиле во Квајхук, крај устието на реката Бусманс, каде нејзините членови направиле голем споменик „[[Падран]] на Св. Григориј“, па се упатиле назад кон Португалија.<ref name=eera>{{нмс |url=http://www.elizabethan-era.org.uk/bartholomeu-dias.htm |title=Bartholomeu Dias |author=Alchin KL, from Elizabethan Era |accessdate=28 March 2014}}</ref> Дијас сакал да продолжи кон Индија, но бил спречен од посадата, која настојувала да се вратат.<ref>{{наведена книга |first=Howard |last=Spoken |year=2006 |title=The World's History |edition=Third |publisher=Prentice Hall |location=New Jersey, U.S. |page=444 }}</ref> [['Рт на Добрата Надеж|'Ртот’Ртот на Добрата Надеж]] го забележале на враќање кон татковината, во мај 1488 г. Дијас се вратил во [[Лисабон]] во декември истата година, по шеснаесет месеци пловење.
 
Откривањето на преминот преку јужна Африка било од големо значење, бидејќи со тоа за првпат Европејците утврдиле дека можат да развијат непосредна трговија со Индија и другите делови на Азија, без да мора да го користат копнениот пат преку Блискиот Исток и скапите посредници. Службениот извештај од експедицијата не е зачуван.
 
Самиот Дијас го нарекол најјужниот крај на Африка „'Рт на Бурите“ (''Cabo das Tormentas'') поради искусеното невреме, но подоцна кралот Јован II му го дал името 'Ртот’Ртот на Добрата Надеж (''Cabo da Boa Esperança'') бидејќи со него се отворил патот кон истокот, и со тоа, напредокот на португалската држава.
 
==Последователни патешествија==
Во деценијата што следела, Португалците го прекинале индоокеанското истражување, но добивале сознанија од тајниот агент [[Перо да Ковилја]], кој бил испратен во Индија по копнен пат за да разузнава информации од полза за португалските морепловци.<ref>David Fromkin (2000), ''The Way of the World'', Vintage Books (New York, U.S.), p. 117.</ref>
 
Служејќи се со истражувачкото искуство, Дијас ја потпомогнал изградбата на бродовите „[[Архангел Гаврил|Свети Гаврил]]“ (''São Gabriel'') и „[[Архангел Рафаил|Свети Рафаил]]“ (''São Rafael''), со кои [[Васко де Гама]] испловил по откриениот пат и стасал до Индија. Дијас учествувал само во првата етапа на патешествието на де Гама, до [[Зелен 'Рт|Зелено'ртските Острови]]. По две години, бил еден од старешините на втората индиска експедиција, под водство на [[Педро Алварес Кабрал]]. Нивните бродови најпрвин во 1500 г. стасале до брегот на [[Бразил]], а потоа продолжиле на исток за Индија. На 29 мај 1500 г. Дијас повторно дошол кај 'Ртот’Ртот на Добрата Надеж, но заедно со три други брода, бил зафатен од страшна бура, во која го изгубил животот.
 
Дијас бил оженет и имал две деца: