Разлика помеѓу преработките на „Роза Луксембург“

#1Lib1Ref #1Lib1RefCEE
с (→‎Живот: Правописна исправка, replaced: Неможејќи → Не можејќи)
(#1Lib1Ref #1Lib1RefCEE)
 
== Живот ==
Родена е во [[Замошќ]], [[Полска]] како '''Розалија Луксембург'''.<ref>{{cite web |url=http://www.marxists.org/glossary/people/l/u.htm#luxemburg |title=Glossary of People: L |website=Marxists.org |access-date=27 јануари 2021}}</ref> Потекнува од [[Евреи|еврејско]] демејство и е најмала од петте деца. Во [[1889]] на 18 години, нејзината револуционерна агитација ја принудува да се пресели во [[Цирих]], Швајцарија за да избегне затвор. Во Цирих таа продолжува со својата револуционерна активност, истовремено студирајќи политичка економија и право. Се стекнува со докторат во [[1898]]. Таму таа се запознава со многу руски социјалдемократи, меѓу кои и водечките членови на партијата: [[Георги Плеханов]] и [[Павел Акселорд]]. Не помина долго време додека Луксембург ги нагласи остро теоретски разлики со Руската партија, првенствено околу прашањето на независноста на Полска: Луксембург веруваше дека [[самоопределување]]то го ослабува меѓународното социјалистичко движење и само и’ помага на буржоазијата да го зајакне своето владеење врз новите независни нации. По ова прашање Луксембург не се согласуваше ниту со Руската ниту со Полската социјалистичка партија, кои веруваа во правата на руските малцинства на самоопределување. Не согласувајќи се со нив, Луксембург помогна во создавањето на Полската социјалдемократска партија.
 
Во текот на ова време Луксембург го среќава својот животен сопатник [[Лео Јогишес]], кој во тоа време ја предводи Полската социјалистичка партија. Додека Луксембург е гласноговорник и теоретичар, Јогишес ја дополнуваше како организатор на партијата. Тие развија интензивни лични и политички врски до крајот на нивните животи.