Трговија со луѓе: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: лидер → водач (2)
с →‎Трговија со луѓе и сексуална експлоатација: Правописна исправка, replaced: макинств → маќинств
Ред 119:
Тенка е линијата помеѓу присилната и доброволната [[проституција]], и проституцијата сама по себе според многумина претставува начин на злоупотреба и форма на наслиство врз жените. Во Шведска, Норвешка и Исланд нелегално е да се плати за секс (клиентот извршува кривично дело, но не и проститутката), бидејки овие држави сите форми на проституција ги сметаат за експлоатирачки или за де факто ропство.
 
Сексуалната трговија вклучува принудување на мигрант да изврши сексуален акт како услов за дозвола или договарање на миграцијата. Сексуалната трговија вклучува физичка принуда, измама и заробување поради присилен долг. На тргуваните жени и деца, на пример, често им се ветува работа во домакинстватадомаќинствата или услужната индустрија, но наместо тоа, тие најчесто ги носат во бордели кадешто им се одземаат пасошите и другите документи за идентификација. Тие може да бидат претепани или заклучени и слободата да им биде ветена дури откако ќе ја заработат -со проституција- нивната куповна цена, како и патните трошоци и трошоците за виза.
 
Главната причина на една жена (во некои случаи и малолетно девојче) да прифати понуда од трговец со луѓе е поради подобри финансиски можности за неа и нејзиното семеејство. Во многу случаи трговецот со луѓе првично нуди „легитимна” работа или ветување за можност за студирање. Главниот тип на работни места кои се нудат се во угостителството и хотелиерството, во барови и клубови, договори за работа како модел, или работа како бебиситерка. Трговците со луѓе понекогаш понудуваат брак, користат закани, заплашување и киднапирање како средства за доаѓање до жртви. Во најголем број на случаи, жените завршуваат како проститутки. Исто така некои проститутки (мигранти) стануваат жртви на трговијата со луѓе. Некои жени знаат дека ќе работат како проститутки, но немаат јасна претстава за околностите и условите за работа во нивната одредишна држава.