Бјорк: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Björk Guðmundsdóttir'''  (родена на 21 ноември 1965) е исландска пејачка, текстописец, актерка...
 
с →‎top: Јазична исправка, replaced: лоциран → сместен
Ред 1:
'''Björk Guðmundsdóttir'''  (родена на 21 ноември 1965) е исландска пејачка, текстописец, актерка и уметница која во својата четиридецениска кариера развила електронски музички стил кој бил под влијание на поп, експериментална, трип-поп, класична и авангардна музика. Таа пораснала во Рејкјавик и својата музичка кариера ја започнала на 11 години, а била препознаена и по тоа што во алтернативната рок-група Sugarcuber, била главен вокал. По распаѓањето на бендот, таа ја продолжила својата соло кариера и ги создала албумите Debut (1993), Post (1995), Homogenic (1997), Vespertine (2001), Medulla (2004),Volta (2007), Biophilia (2011),Vulnicura (2015)  и Utopia (2017). Нејзините албуми и песни доживеале голем успех и биле продавани и познати низ целиот свет. Некои од тие песни се ''It’s oh so quiet, Army of me, Hyperballad, Play dead, Big time sensuality, Violent happy'' и многу други. Како признание за нејзината работа се наградите '''Order od the Falcon''', пет '''BRIT Awards''' и 15 '''Grammy''' номинации. Во 2015 година нејзиното име се наоѓало на листата на Time, за 100 највлијателни луѓе во светот. Бјорк глумела и во филмoт на Ларс  фон Трир „Dancer in the dark“ и освоила награда за најдобра актерка на '''Cannes film festival''' и била номинирана за '''Academy Award for Best Original Song''' за песната ''I’ve seen it all.''
 
 
 
'''Живот и кариера'''
Ред 11 ⟶ 9:
И покрај тоа што открила дека ќе стане мајка, Бјорк продолжила со настапите и турите со бендот Kukl. Нивниот втор албум наречен ''Holiday in Europe'' излегол во 1986 година. Бендот се распаднал поради некои приватни конфликти. Истата година Бјорк и Елдон стапиле во брак и го добиле синот  Sindri Eldon Þórsson. Многу кратко по раѓањето на нивниот син, Бјорк ја добила улогата во „The Jupiter Treе“, базирана на приказната на Браќата Грим и режирана од страна на Nietzchka Keene'''.''' Бјорк ја добила улогата на Маргит, девојче чија мајка била убиена поради тоа што изучувала и практикувала вештерство. Со бендот Sugarcubes (поранешен Kukl) склучиле договор со Електра Рекордс во US и го снимиле својот прв албум ''Life’s too good''. Со бендот во 1988 година направиле турнеја во Северна Америка. Бјорк продолжила и со своите соло проекти и во 1990 година таа снимала придружни вокали за бендот Bless за албумот ''Gums.'' Истата година снимила колекција од популарни џез и оригинални песни заедно со џез-групата ''' '''Tríó Guðmundar Ingólfssonar'''.'''Во 1991 година го запознала џез-музичарот Corky Hale и тие заедно имале снимачки сесии кои на крајот завршиле на нејзиниот иден албум ''Debut''. Бјорк решила да го напушти бендот поради тоа што сакала да се посвети на својата соло кариера, но бидејќи имале склучено договор им преостанало снимање на уште еден албум и негова промотивна тура, согласно со договорот. Бјорк прифатила, а бендот Sugarcubes се распаднал по нивниот последен настап во Рејкјавик. Rolling Stone ги нарекле ,,најголемиот рок-бенд од Исланд”.
 
'''Debut and Post                                                                                       '''
 
Бјорк се преселила во Лондон и започнала да работи со продуцентот Nellee Hooper (продуцентот и на Massive Attack). Од нивната соработка произлегла песната ''Human Behaviour'', базирана на примероци од ритам гитарата на Антонио Карлос Жобим. Во 1993 година Бјорк го издала својот соло албум ''Debut'' за којшто добила многу позитивни критики. Поради фактот што таа создавала музика уште како многу мала, овој албум бил на некој начин место каде што се споиле сите тие соработки, искуства, песни кои потекнувале од нејзините тинејџерски денови па сѐ до нејзините дваесетти години. На албумот се наоѓале песните ''Venus as a boy, The Anchor song'', џез-стандардот ''Like someone in love'', како и многу други.Таа во 1994 година добила награда за Best International Female и Best International Newcomer, а успехот на нејзиниот албум ѝ овозможил соработка со многу уметници. Работела со David Arnols на ''Play Dead'', песна за филмот „Tahe Young Americans“, соработувала со Мадона за нејзиниот албум ''Bedtime stories''.
Ред 23 ⟶ 21:
Во 1999 год. на Бјорк ѝ било понудено да направи музика за филмот „Dancer in the dark“, музичка драма за жена по име Селма, која била имигрант и морала да плати за операцијата што ќе го спречи слепилото на нејзиниот син. Директорот Ларс фон Трир ѝ понудил на Бјорк да ја игра улогата на Селма, убедувајќи ја дека композиторот на музиката најубаво ќе го претстави и ќе го долови ликот на Селма. Бјорк прифатила и, по издавањето на филмот, таа добила награда за најдобра актерка, а филмот ја добил наградата „Palm d’Or“ на педесет и третиот  Cannes film festival. Таа изјавила дека снимањето било физички и емотивно пренапорно, но дека отсекогаш сакала да учествува во мјузикл, а овој филм ѝ го овозможил тоа. Саундтракот на филмот бил издаден под името ''Selmasongs'' и песната ''I’ve seen it all'' која била номинирана за најдобра оригинална песна наедно е и дует со Thom Yorke (Radiohead). Тие заедно настапиле на Оскарите во 2001 година.
 
'''Vespertine                                                                                                                                       '''
 
Во 2001 година Бјорк го издала својот албум ''Vespertine'',во придружба на камерен оркестар и хор, а за овој албум таа соработувала со експериментални музичари како Matmot, DJ Thomas Knak и харфистката Zeena Parkins. За текстовите одбрала песни од американскиот поет E.E Cummings, а соработувала со режисерот Harmony Korine и драматургот Sarah Kane. Кога започнала турнејата за овој албум тие настапувале во театри и опери, грижејќи се за потребната акустика. На овој албум се наоѓаат три сингла ''Hidden place, Pagan Poetry'' и ''Cocoon.'' Дел од видеата на овие песни биле забранети на MTV поради одредени „непристојни“ теми во содржината. Бјорк исто така била повикана да ја сними песната ''Gollum’s song'' за филмот „Господар на прстените“, но таа одбила бидејќи била бремена. Бјорк во 2002 година го издала CD ''boc set'' ''Family Tree''. На ова ЦД се наоѓале претходно неиздадени верзии на нејзините композиции, како и работата со Brodsky Quartet. Овој албум на некој начин претставува една ретроспектива за минатите 10 години од нејзината соло кариера. Песните за овој албум биле избрани од нејзините фанови преку анкета на нејзината веб страница На овој албум се наоѓа и песната ''It’s in our hands''. Во 2002 година, на 3 октомври, Бјорк ја родила својата ќерка Isadora Bjarkardottir Barney. Бјорк и Brodsky Quartet снимиле композиција наречена ''Prayer of the Heart'', а исто така Бјорк издала и Live Box на којшто имала лајв снимки од нејзините настапи.
Ред 40 ⟶ 38:
 
Овој албум бил издаден во 2011 година. Во него се споиле  иновациите од областа на технологијата, како и теми од науката и природата; едукативни програми за деца, голем број лајв настапи и, секако, првото место каде што се случил настапот со овој албум т.е. во Манчестер, на Интернационалниот фестивал на 30 јуни. Првата песна во овој албум е ''Crystalline''. Интересно за овој албум е тоа што биле изработени серија на iPad апликации, направени од страна на програмери и дизајнери, една апликација за сите 10 песни. Втората песна е ''Cosmogony'', потоа ''Virus'' и ''Moon''. Исто така, дел од програмата на Бјорк биле и едукативните работилници за деца од 10 до 12 години, кои ја истражувале поврзаноста на музиката и науката. Reykjavik City Board of Education ја донеле оваа програма во сите училишта во градот за наредните 3 години. Бјорк издала ремикс албум ''Bastards,'' заедно со Death Grips и Omar Souleyman. Во 2013 година е избрана за документарна програма на '''Channel 4,''' заедно со David Attenborough наречена When Bjork Met Attenborough. Тука тие разговарале за човечката поврзаност со музиката, фокусирајќи се на албумот и на разговор со научникот Oliver Sacks. Во 2014 година бил издаден концерт филм „Bjork Biophilia Live“ во повеќе од четиристотини кина.
 
 
'''Vulnicura'''
Ред 48 ⟶ 45:
'''Utopia и Cornucopia'''
 
Овој албум бил издаден на 24 ноември 2017 година и таа објаснила дека албумот е на некој начин потрага по утопија, но исто така дава акцент на моментот љубов: ,,Spending time with a person you enjoy is when the dream becomes real." Бјорк изјавила дека нејзиниот претходен албум бил како пекол: ,,it was like divorce! So we were doing paradise... We have done hell, we have earned some points." Таа го продуцирала албумот заедно со Arca, со кого соработувала и за претходниот албум. Врската со Arca ја опишала како „the strongest musical relationship [she's] had". ''Utopia'' бил номиниран за најдобар алтернативен музички албум на '''61<sup>st</sup>61st Annual Grammy Awards'''. На 12 ноември 2018 год. Бјорк објавила нов концерт, на кој централно место ќе заземе албумот ''Utopia,'' сега преименуван во ''Cornucopia.'' Бјорк го објаснила овој концерт како спој на дигиталната и акустичната музика. Моментално Бјорк ја планира единаесеттата концертна турнеја наречена Bjork Orkestral, на која ќе ги изведува своите песни во оркестрални аранжмани. Исто така, бил закажан и настап на „Bluedot Festival“ во јули 2020 година, но настанот е одложен поради пандемијата со COVID-19.
 
 
'''Стил'''
 
 
Во нејзината тридецениска музичка кариера таа развила електричен и авангарден музички стил, којшто се спојува со аспектите на електронска, алтернативна, трип-хоп,експериментална, џез, рок и современа класична музика. Нејзината музика била предмет на критичка анализа, додека Бјорк постојано се спротивставува на категоризација на одреден музички жанр. Таа себеси се нарекува поп-артист. Нејзиниот албум ''Debut'' се смета за еден од првите албуми кои внесуваат електронска музика во мејнстрим поп-музиката. Нејзината музика се одликува со постојано истражување на врската помеѓу природата и технологијата. Бјорк соработувала со голем број  музички продуценти, фотографи, модни дизајнери. Бјорк верувала дека постои одреден степен на непризнавање на авторството во нејзината дејност и дека тоа често се поврзува со моментот – жена. Во едно интервју, во 2016 година, таа изјавила: „If a guy had done all the arrangements and production on his album, he would have credit for his work. It's always like I just turn up and sing and go home."
Ред 60 ⟶ 55:
За време на нејзините почетоци, Бјорк била дел од разни бендови коишто свиреле различен музички жанр ,панк рок во Spit and Snot, џез фјужн во Exodus, пост-панк во Tappi Tikarrass и готик рок во Kukl. Додека била дел од бендот Tappi Tikarrass, Бјорк била под големо влијание на бендови како: Siouxsie and the Banshees, Wire,the Passions,the Slits, Joy Division и Killing Joke. Албумот ''Gling Glo'' бил сниман заедно со триото Gudmundar Ingolfssonar на кој се прикажани џез и популарни стандарди, со Sugarcubes развиле авант-поп и алтернативен рок. Во раните ʼ80-ти Бјорк била дел од голем број на пост-панк и алтернативни бендови и нејзиниот контакт со андерграунд сцената во Лондон ѝ овозможил да си го најде својот музички идентитет. ''Debut'' претставува еден од првите албуми кои ја запознаваат поп-музиката со електронската музика. Како голем фан на денс- музиката, таа во овој албум ја вметнала во голем број од нејзините песни. Овој албум на некој начин ја рефлектира тогашната современа средина во Лондон, каде што живеела во раните ʼ90-ти и на некој начин била под влијание на бендовите кои циркулирале во тој период ‒ бендовите  Portishead и Massive Attack.
 
Албумот ''Post,''  издаден во 1995 година, претставува една широка емотивна палета на музика, напишан при престојот на Бјорк во Англија и бил резултат на цела таа мултикултурна енергија лоциранасместена во Лондон. Албумот е на некој начин баланс помеѓу електронски и органски елементи, т.е електронски и реални инструменти.
 
Албумот ''Homogenic'' е на некој начин навраќање на нејзините корени, т.е. Исланд, и целиот албум е фузија на жичени инструменти, односно соработката со исландскиот жичен октет, како и традиционално пеење, комбинација од зборување и пеење илустриран во песната ''Unravel''. Во 2001 албумот ''Vespertine'' ја продолжил приказната со органски и електронски текстури, но се разликува од претходниот албум поради тоа што има поголема интима. Пеењето на Бјорк отстапува од нејзиниот дотогашен стил, пеењето во овој албум е блиску до шепот во одредени делови и остава простор за нејзиниот интимен текст. ''Medulla'' е албум кој е конструиран претежно на човечки вокали, сензуален речиси како и претходниот албум. Во овој албум се застапени класични хорови, како и beatboxing. Следниот албум ''Volta'' претставува на некој начин совршен баланс помеѓу нејзината работа во ʼ90-тите години и нејзините експерименти во 2000. Во овој албум се застапени инструменти како пипа и кора и дувачки ансамбл.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бјорк