Аканска митологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: лоциран → сместен
Ред 1:
[[Податотека:Gye_nyame.png|мини| Симбол кој претставува семоќност и сеприсутност на [[Нјаме]], врховниот бог. |204x204пкс]]
'''Аканската религија''' ги опфаќа традиционалните верувања и религиозни практики на народот Акан од [[Гана]] и источниот [[Брег на Слоновата Коска|брегот на Слоновата Коска]]. Аканската религија се наведува и како '''Аком''' (од [[чви]] збор ''аком,'' што значи "пророштво"). Иако повеќето припадници на народот Акан се идентификуваат како [[Христијанство|христијани]] уште од почетокот на 20 век, некои уште ја практикуваат аканската религија и таа честопати е синкретизирана со [[Христијанство|христијанствотохристијанство]]то. Акан имаат многу подгрупи (вклучувајќи Фанти, Ашанти, Акуапем, Васа, Аброн, Бауле и други), па религијата во голема мера варира од регионот и подгрупата.
 
Акан се народ со околу пет до шест милиони луѓе, од кои повеќето зборуваат јазик познат како чви. Тие го заземаат главно пошумениот регион на јужна Гана и источниот брег на Слоновата Коска како и крајбрежниот Фанти на југ. Тие се поделени на над десетина независни кралства, од кои најпознато е кралството [[Ашанти]] (Асанте) чиј главен град е [[Кумаси]] во централна Гана.
 
Слично на другите традиционални религии на [[Западна Африка|Западна]] и [[Централна Африка|Централна Африка,]], како што се [[Вуду|западноафриканското вуду]], јоруба или одинани, аканската космологија се состои од главен бог, кој генерално не комуницира со луѓето и со многу богови кои им помагаат на луѓето.
 
'''[[Ананси]]''' е пајак и народен јунак кој е истакнат во народните приказни на Ашанти каде се прикажува како мудар и итар. Во други аспекти на аканската духовност, Ананси понекогаш се смета и за измамник и за божество поврзано со мудроста, одговорно за создавање на првите неживи луѓе, според изучувачот Ентони Ефирим-Донкор<ref>Ephirim-Donkor, Anthony. "African Personality and Spirituality: The Role of Abosom and Human Essence". Lexington Books, 2015: pp. 80.</ref>, слично на ''Легба,'' кој исто така е и измамник и божество во [[Вуду|западноафриканското вуду]].<ref>Herskovits, Melville J. and Frances S. "Dahomean Narrative: A Cross-Cultural Analysis." Northwestern University Press (1958), p 35.</ref>
Ред 11 ⟶ 10:
== Верувања ==
[[Податотека:Fufu pounding 3.jpg|мини|Удирање фуфу|261x261пкс]]
Акан веруваат дека секое човечко суштество е составено од три главни елементи:
 
* [[крв]] (''могија''), што произлегува од матрилинеалниот клан и дава формален социјален статус, карактер, или личност. Се смета дека постои духовна врска помеѓу таткото и неговото дете и дека духот на таткото обезбедува сила и заштита од опасност за неговото дете.
Ред 28 ⟶ 27:
Поврзано: [[Нјаме]]
[[Податотека:GyeNyame2.JPG|мини|230x230пкс|Алка со привезок со знакот на богот [[Нјаме]]]]
Врховниот создавач е сеприсутен, семоќен, небесен. Неговата сопруга е [[Асасе Ја]] (позната и како Мајката Земја), која се смета за втора по Бог.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.com/?id=ax0FxTUykP4C&pg=PA148&dq=akan+religion#v=onepage&q=asase&f=false|title=The Quest for Spiritual Transformation: Introduction to Traditional Akan Religion, Rituals and Practices|last=Opokuwaa|first=Nana Akua Kyerewaa|date=2005-01-01|publisher=iUniverse|isbn=9780595350711|language=en}}</ref> Заедно тие родиле две деца: Бија и Тано.{{Sfn|Lynch|2010}}
 
Следбениците на аканската религија веруваат во врховен бог создавател на универзумот. Тој е далечен и не комуницира со луѓето. Врховното суштество кај народот Акан, [[Нјаме|Онијаме]] (Нјаме), има многу други имиња. Некои од овие имиња означуваат атрибути, како што се ''Амосу'' (давател на дождот), Амовија (дарител на сонце) и Амаоми (дарител на изобилство). За Нјаме честопати се смета и дека е женско божество поврзано со Месечината.<ref name=":0" />
Ред 34 ⟶ 33:
Богот создавател носи различни имиња во зависност од регионот на обожавање, вклучително ''Нјаме'', ''Нијанкопон'', ''Брекирихунуаде'' („Семоќен“), ''Одоманкома'' („бесконечен изумител“),{{Sfn|Sykes|Kendall|2001}} ''ƆbƆadeɛ'' („креатор“) и ''Ананси Кокуроко'' („големиот дизајнер "или" големиот пајак").<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.cfiks.org/akanart/akanart/themes/akancosmology.htm|title=Archived copy|archive-url=https://web.archive.org/web/20140518025254/http://www.cfiks.org/akanart/akanart/themes/akancosmology.htm|archive-date=18 May 2014|accessdate=1 May 2014}}</ref> Повремено се вели дека богот на создавањето е дел од тријонско божество или тријада, кое се состои од Нјаме, Нијакопон и Одоманкома.{{Sfn|Lynch|2010}}
 
Акан имаат и второ супербожество, Онјанкопон (Нијакопон), кој е спротивен на Нјаме. Тој е маж и е поврзан со [[Сонце|Сонцето]]то. Конечно, постои трет, ултрадивински елемент кој се врзува со Онијаме и Онјанкопон во единствена апсолутност: Одоманкома, бесконечното суштество. Овој Апсолут има тринитарен карактер: Бог како машки, женски и релативен принцип; или, метафорички гледано, Месечината, Сонцето и нивниот принцип на врзување. Одоманкома е одговорен и за природното и за натприродното постоење и редовно се фали за време на богослужбата како „Апсолутен архитект“ (''Бореборе'') на природата.<ref name=":0" />
 
Како и другите [[Традиционални африкански религии|традиционални западноафрикански религии]], аканската религија е [[Многубоштво|многубожна]]. Додека Онијаме се смета за врховен, има многу помали божества, кои вршат моќ над верниците, но тие се подредени на Онијаме.
Ред 43 ⟶ 42:
 
==== Абосом ====
''Абосом'' се пониски божества или духови кои им помагаат на луѓето на земјата. Овие се слични на ''ориша'' во [[Јоруба|јорупската религија]], на ''водун'' во [[Вуду|западноафриканското вуду]] и неговите деривати, и ''алуси'' во [[одинани]]. ''Абосом'' ја добиваат својата моќ од богот создавач и најчесто се поврзани со светот. Свештениците служат на некој поединечен ''абосом'' и дејствуваат како посредници меѓу абосом и човештвото. Многумина од оние што веруваат во овие традиции учествуваат во дневната молитва, што вклучува и дарови за предците што се закопани под земјата и за духовите кои се насекаде.
 
Постојат стотици абосом кои може да се повикуваат индивидуално или како група. За нив се вели дека се деца Божји или Божји гласници и се идентификуваат со езера, реки, карпи и други природни предмети. Општо земено, за нив се смета дека можат да лекуваат болести и социјални проблеми, да откриваат [[Вештерка|вештерки]] и да бидат сведоци на вистината на некој настан. Во исто време тие се опасни поради нивните разорни моќ и каприциозни однесувања. Тие се со слободен опсег, но можат да бидат привремено лоциранисместени во светилишта во форма на глинени садови. Специјалисти за обред што поседуваат божество се нарекуваат ''осфо'' или обсомфо. Постојат и медиуми (''окомфо'') кои стануваат опседнати од некое божество и, без оглед дали е свештеник или свештеничка, се сметаат за негова сопруга.<ref name=":1" />
[[Податотека:Side view of fontofom.jpg|мини|259x259пкс|Тапани со знакот на Нјаме]]
 
==== Асуман ====
''Асуман'' се предмети направени од човекот во кои престојува мистична моќ. Тие се движат од мали неперсонализирани амајлии кои содржат магични сили во себе, до поперсонализирани што личат на абосом. Општо земено, асуман се пониски во хиерархијата на божествата отколку абосом и дејствуваат како нивни гласници. Тие се повикуваат за секојдневни проблеми, а за нивните овластувања се вели дека се поконкретни од оние на абосом.
 
=== Предци ===
''Асаманфо'' се предците. Понекогаш се нарекуваат и духови. Предците (асаман или асаманфо) живеат заедно на место за кое се вели дека е над висока планина или преку река. За нив се верува дека знаат што прават живите на земјата и можат да им помогнат на оние кои имаат потреба или да ги казнат судирите или погрешните постапки со тоа што ќе предизвикаат болест, па дури и смрт. Предците на заминатите глави на обична лоза ги надгледуваат и поддржуваат членовите на таа лоза; оние од главната лоза го прават тоа и за кралската лоза и за припадниците на целиот град.<ref name=":1" />
 
''Црните столици'', кои се поцрнети со крв и други материи, функционираат како светилишта кои дејствуваат како привремени места за одмор на духовите на предците на одредена матрица кога се повикуваат за време на ритуалите. (Со предците може да се контактира каде било во кое било време.) Црните столици се чуваат во посебна столица во семејната зграда или палатата. Постојат многу детални погребни церемонии за началниците, вклучително и секундарни погребни прослави и, порано, масовни човечки жртви. Не постојат медиуми (''окомфо'') за предците, иако поединците повремено стануваат опседнати од нив.
 
== Церемонии ==
Ред 60 ⟶ 59:
Годината е поделена на девет ритуални единици (секоја од четириесет и два дена), првиот ден од секоја се нарекува ''адае''. Во ''адае'', некои богови се слават и предците се почитуваат преку црниот стол кој се чисти и потоа се помазува. Сите акански кралства имаат годишна прослава, наречена Апо или Одвира. Комплексниот фестивал, Апо се состои од голем број ритуални активности, вклучувајќи прочистување на натрупаните гревови и осквернување на претходната година, помазание на светилиштата на боговите и црните столици на предците, прослава на првите плодови (Јам фестивал ) и обновување на моќта на кралот, а со тоа и на кралството.<ref name=":1" />
== Практики ==
Во сите акан општества, болести како неплодност и прерана смрт се од централно значење. Билкари се консултираат за специфични заболувања и скршени коски, но бидејќи на болеста обично не се гледа едноставно како на обична физичка состојба, за лекување се консултираат медиуми за да се открие дали болеста или честите смртни случаи во едно семејство се предизвикани од некаков предок, божество или со други средства. Луѓето со висок статус се особено загрижени да не бидат отруени од лош лек. За вештерките се вели дека се претежно жени кои работат во сојузи во духовниот свет и се верува дека напаѓаат само членови на нивните семејства.<ref name=":1" />
 
Во текот на минатиот век се појавиле и се шират многу движења против [[Вештерка|вештерство]]. Најзабележително било движењето ''Абирева'' на почетокот на 20 век, проследено со неодамнешното Тигаре и други движења од север. Новите христијански движења исто така се зголемиле, привлекувајќи голем број следбеници кои истовремено одат во главните протестантски или католички цркви а воедно ги почитуваат и традиционалните богови.<ref name=":1" />
 
== Влијанија ==
Акан народите долго време биле во контакт со [[Ислам|муслиманите]] од [[Сахара]], но религиозното влијание на исламот било прилично мало. Тие биле погодени од европските колонијални сили кои се движеле кон копното од крајбрежјето од 15 век наваму, и од христијанските мисионери од почетокот на 19 век. Колонијалното влијание било моќно, поттикнато особено од желбата за злато и робови. Но, и покрај колонијалната пенетрација и долготрајната изложеност на различни економски, политички, образовни и религиозни влијанија, традиционалните религии на аканските народи опстојуваат силно низ современата ера. Иако постојат големи варијации меѓу аканските кралства, постојат многу сличности во космологијата и верската практика. Мобилноста на целиот сегмент од населението и на ритуалните светилишта и индивидуалните верници донело многу заеднички верски одлики низ целиот регион.<ref name=":1" />
 
Растечкото влијание на христијанството на југ (поврзано често со проширување на западното образование, производство на какао и трговијата) и на исламот на север го ослабнале активното учество во абосом и асуман движењата, а последниве во некои случаи избледеле со смртта на постарите практичари. Судските закони сега ги заменуваат светилиштата за решавање на конфликтите. Мора да се нагласи дека во никој случај [[Христијанство|христијанствотохристијанство]]то не ја заменило традиционалната религија, туку двете коегзистираат рамо до рамо во сложена врска. Бидејќи христијанството е поврзано во повеќето кралства со образованието и, според тоа, со богатството, тоа станало престижна религија.<ref name=":1" />
 
Традиционалната религија продолжува бидејќи за повеќето луѓе се смета дека тоа е најефикасниот систем на верување, оној што продолжува да му го дава значењето на светот. Традиционалните божества сè уште се сметаат за моќни и со тоа влијаат врз моралното однесување на луѓето, додека традиционалните ритуали сè уште се сметаат за неопходни. Кралевите, поглаварите и повеќето претставници на палатите и клановите се придржуваат до традиционалните религиозни практики како дел од нивните формални политички-религиозни улоги. Ова веројатно ќе трае сè додека се задржи кралството, иако христијанските цркви осудуваат некои од обредите.[[Податотека:Tere Marichal, storyteller from Puerto Rico, telling the afro-caribbean folktale of Anansi at Biblioteca Juvenil de Mayagüez during a Multicultural Children's Book Day activity.jpg|мини|206x206px|Раскажувач од Порторико кој ја раскажува афро-карипската народна приказна за Ананси во библиотека за време на мултикултурна активност на Денот на книгата за деца]]
Ред 74 ⟶ 73:
 
=== Јамајка ===
Според Лонг, културата на Акан (наречена „ ''Короманти''“) ги поништила сите други африкански обичаи и дојдените неакански Африканци морале да се покорат на културата на мнозинското аканско население во [[Јамајка]]. Освен приказните за Ананси, аканската религија тука извршила огромно влијание. Бил документиран акански пантеон на богови, наречен Абосом во Чви. Поробените Акан се поклонувале на Нијанкопонг (погрешно напишан од британците како Акомпонг, ѝ се давале дарови на [[Асасе Ја]] (погрешно напишана како „Асарци“) и на Епо, морскиот бог. Бонсам бил богот на злото.<ref name="Long">{{Наведено списание|last=Long|first=Edward|year=1774|title=The History of Jamaica Or, A General Survey of the Antient and Modern State of that Island: With Reflexions on Its Situation, Settlements, Inhabitants, Climate, Products, Commerce, Laws, and Government|url=https://books.google.com/books?id=QLw_AAAAcAAJ&dq=edward%20long%20coromantee&pg=PA446#v=onepage&q&f=false|format=google|volume=2|pages=445–475}}</ref>
 
=== Суринам ===
[[Винти]] е [[Суринам|афро-суринамска]] религија која во голема мера е изведена и од Аком и од вуду со богови како Локо, Ајзу и така натаму. <ref>{{Наведена книга|title=Nieuwe West-Indische gids|last=Rijksuniversiteit te Utrecht Center for Latin American and Caribbean Studies|publisher=Nijhoff|year=1979|volume=53&ndash;55|pages=14}}</ref>
 
=== Хаити ===
Хаитското [[вуду]] е синкретична религија што го комбинира вудуто со неколку други африкански религии, покрај влијанијата од [[Римокатоличка црква|католицизмот]]. Тука латентните влијанија на верувањето на Акан можат да се забележат преку вклучувањето на [[Ананси]] како едно од божествата на кои се поклонува религијата на [[Хаити]]. Тој честопати е прикажан како одржувач на врската помеѓу живите и нивните починати предци.<ref>DeLoughrey, Elizabeth; Handley, George B. "Postcolonial Ecologies: Literatures of the Environment". New York: Oxford University Press, Inc., 2011: pp. 74.</ref>
 
== Наводи ==