Joy Division: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Стихови: Правописна исправка, replaced: очуство → очувство
с →‎Албумот Closer и самоубиството на Куртис: clean up, replaced: неможел → не можел
Ред 28:
Во јануари 1980 година, Joy Division тргнаа на турнеја низ Европа. Иако турнејата беше напорна, Куртис преживеа само два гранд мал напади (вид епилепсија, кај која кратко пред нападот се појавуваат аура и необични сензации) во рок од два месеца пред завршниот датум. Во март во лондонското студио Britannia Row заедно со Мартин Ханет, повторно како продуцент, бендот го снимија нивниот втор албум, Closer. Исто така во март, беа издадени синглот Licht und Blindheit ( вклучувајќи ги и песните Dead Souls и Atmosphere ) во малата француска дискографска куќа Sordid Sentimental.
 
Заради недостаток на сон и долготрајна нестабилна епилепсија, нападите на Куртис веќе неможелене можеле да се контролираат. Куртис често имал напади за време на настапите, нешто што го правело да се чуствува засрамено и депримирано. Додека бендот бил загрижен за неговиот пејач, публиката мислела дека неговото однесување било дел од нивниот настап. На 7 април, Куртис имал обид за самоубиство со фенобарбитантско предозирање. Следната вечер, Joy Division требале да свират во Дерби халата, во Бјури. Со закрепнувањето на Куртис, било решено бендот да отсвири комбиниран сет заедно со Алан Хемпстал од Crispy Ambulance и Симон Топинг од A Certain Ratio, како вокали за првите неколку песни. Куртис се појавил на сцена само за дел од настапот. Кога се вратил Топинг да го заврши сетот на Куртис, некои во публиката почнале да фрлаат со шишиња накај бината. Гретон скокнал во толпата и насанал хаос. Неколку свирки во април биле откажани заради болеста на Куртис, но и покрај тоа тој месец бендот снимил спот за промоција на синглот Love Will Tear Us Apart. На 2 мај, бендот ја имал последната свирка во Универзитетот од Бирмингем во халата High.
 
Во мај 1980 година, „ Joy Division“ требаше да ја започнат нивната прва турнеја низ Америка. Додека Куртис изразувал желба за мал одмор за да посети некои познаници, тој ја лажирал својата возбуда во врска со турнејата. Не сакал да ги разочара своите другари од бендот како и дискографската куќа Factory Records. Во тоа време, односите на Куртис со жена му, Дебора Куртис ( парот се венчал уште во 1975 година како тинејџери), се распаѓале. Факторите што придонеле за тоа биле неговото нарушено здравје, нејзиното отсуство од неговиот живот со бендот и неговата врска со една млада белгијка , чие име било Аник Хоноре. Се сретнале на турнејата низ Европа. Вечерта, пред „ Joy Division“ да ја започнат турнејата низ Америка, Куртис се вратил во неговиот дом во Маклесфилд за да разговара со жена му, која веќе не била со него. Ја замолил да се откаже од разводот; подоцна ,тој и кажал да го остави на само во куќата, додека го чека утринскиот воз за Манчестер. Рано наутро, 18 мај 1980 година, Куртис се обесил во кујната; кога се вратила на пладне, Дебора Куртис била таа која го нашла неговото тело. Во 2005 година Тони Висон изјавил: „ Мислам дека сите ние згрешивме што не помисливме дека ќе се случи неговото самоубиство… Сите ние комплетно ја потценивме опасноста на ситуацијата. Не ја сфативме сериозно. Ете колку сме глупави“.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Joy_Division