Доктор на науки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Доктор на науки''' (според македонскиот правопис кратенката е: '''д-р'''; [[Латински јазик|латински]]   {{lang|la|Philosophiae doctor}} или ''Doctor philosophiae'') е највисок академски степен кој се доделува од страна на универзитетите во повеќето земји во светот. Во однос на латинскиот термин од кој потекнува ова звање треба да кажеме дека зборот <i>филозофија</i> во звањето не се однесува на академската дисциплина [[филозофија]], туку се употребува поширок смисол на зборот кој е поблизок кон оригиналното негово значење односно како <i>љубов кон мудроста</i>.
 
Звањето доктори на науки се доделуваат во поголем број на академски полиња. Ова академско звање се добива како резултат на направено/направени истражувања во определена научна област. Кандидатите за ова звање, обично, не е потребно само да демонстрираат експертиза во дадената област. Од кандидатите најчесто се бара, преку оригинални истражувања, да дадат нов оригинален научен придонес во соодветната научна. Стекнувањето на звањето доктор на науки најчесто е услов за вработување како универзитетски професор, истражувач или научник во голем број области.