Опсада на Кроја (1450): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Позадина и опсада: Форматна исправка на датуми, replaced: јули, 1 → јули 1
Ред 20:
== Позадина и опсада ==
 
По неколкуте неуспешни инвазии на Османлиите во [[Албанија]], Мурат II со околу 80.000 војска ја опседнал тврдината Светиград на [[14 мај]] [[1449]] година.<ref>Francione p. 77.</ref> Светиград претставувал важна стратешка точка за двете страни, со оглед на тоа што бил во непосредна близина на границата со [[Македонија]].<ref>Hodgkinson p. 95.</ref> На 31 јули, 1449 година, градот бил заземан. Губењето на Светиград значело голема загуба за [[Скендербег]]. Во следните години, на султанот Мурат му преостанало да ги заземе уште Берат и Кроја<ref>Noli p. 43.</ref>.
 
Опсаата на [[Кроја]] започнала на [[14 мај]] [[1450]] година, и истата траела до [[23 ноември]] [[1450]] година. Неуспешната опсада на Османлиите ги чинела околу 20.000 мртви војници наспроти само околу 1.000 Албанци. Според Марин Берлети, самиот султан починал од болест по видената слика во Кроја.<ref>''Historia de vita et gestis Scanderbegi Epirotarum principis'' by [[Marin Barleti]]</ref> Сепак, познато е дека тој починал во [[Едрене]] во [[1451]] година.<ref>Gibbon p. 465, note 42.</ref> Се смета дека Мурат бил приморен да ја повлече опсадата поради доаѓањето на зимата.<ref name="Housley90">Housley p. 90.</ref> Сепак, најверојатно се повлекол поради големите загуби кои биле предизвикани од страна на албанските герилски сили.<ref>Francione p. 93.</ref>