Ле Корбизје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Приватен живот: Јазична исправка, replaced: актерката → глумицата using AWB
с →‎Смрт: Форматна исправка на датуми, replaced: август, 1 → август 1, септември, 1 → септември 1
Ред 46:
 
== Смрт ==
Спротивно од наредбите на неговиот доктор, на 27 август, 1965, Ле Корбизје замина на пливање во [[Средоземно Море|Средоземното Море]], во Рокбрун-Кап-Мартен (француски: Roquebrune-Cap-Martin), Франција. Неговото тело беше пронајдено од околните бањачи и Корбизје беше прогласен за мртов во 11:00. Беше востановено дека почина од срцев удар, на возраст од 78 години. Неговата погребна церемонија се одвиваше во дворот на палатата [[Лувр]], на 1 септември, 1965 година, по наредба на писателот и мислител [[Андре Малро]], кој во тоа време беше министер за култура на Франција.
 
Смртта на Корбизје имаше силен удар на културниот и политичкиот свет. Неговата смрт одекна низ целиот свет, а признанија и почит за неговата работа му се доделуваа од сит страни на светот. Дури и еден од неговите најголеми уметнички противници, сликарот [[Салвадор Дали]], ја призна неговата значајност. Исто така, тогашниот претседател на [[Соединети Американски Држави|САД]], [[Линдон Б. Џонсон]] рече: „Неговото влијание беше универзално, а неговите дела беа направени со квалитетот кој го поседувале многу малку уметници низ историјата“. [[Сојуз на Советските Социјалистички Републики|Советскиот Сојуз]] додаде дека „Модерната архитектура го изгуби својот најголем мајстор“.