Андријана Јаневска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Животопис: Форматна исправка на датуми, replaced: март, 2 → март 2, јуни, 2 → јуни 2, јули, 2 → јули 2
Ред 29:
За време на средното музичко образование посетува дополнителна настава по диригирање и композиција, и активно учествува на семинари по виолина кај виолинистите Марина Јашвили и Благоја Димчевски.
 
Дебитира на Скопје фест, 1998. Повторно настапува на Скопскиот фестивал 2000 година каде го лансира мега хитот „Твоето писмо, моја Библија“. За време на летото, 2000 година, настапува низ повеќе градови во Австралија<ref name="anj" />. Во март, 2001 година на Скопскиот фестивал освојува гранд при награда со песната Носталгија<ref name="anj" />. Во јули, 2001 го промовира првиот солистички албум „Моја Библија“ кој содржи 12 песни<ref name="anj" />. Во 2002 година, повторно се натпреварува на изборот за песна на Евровизија, каде со песната „О Шери, мон Шери“ го освојува второто место<ref name="anj" />.
Во јуни, 2006 година, го лансира реге хитот „Ден“, а во август истата година настапува на Охрид фест со песната „Сонце“<ref name="anj" />. За време на фестивалот го промовира вториот солистички албум „Ден“<ref name="anj" />.
Десетгодишнината од нејзината кариера ја заокружува со песната „Зрно“, дело на Драган Гиновски - Гино<ref name="anj" />. Во март 2008 го издава најновото ЦД со 15 традиционални македонски песни, а како продуцент се јавува Димитар Димовски - Мите<ref name="anj" />. Веќе следната 2009 година излегува и продолженитето на цедето со традиционални македонски песни, овојпат насловено како „Приказна за едно моме“, повторно продуцирано од Мите Димовски<ref name="anj" />. Следната година во соработка со МЕД Македонија, го издава христијанското цеде со детски божиќни песни „Ѕвездичка мала“<ref name="anj" />.
Во 2011 година, во соработка со Тања Веда го издава детското цеде „Кога си среќен“ кое содржи 15 песни од англиско говорно подрачје, препеани на македонски јазик<ref name="anj" />. Во 2012 настапува на Скопскиот фестивал, кадешто ја исполнува композицијата „Можеби“ на која се потпишува како автор на музиката, текстот и аранжманот<ref name="anj" />. Во 2015, повторно во соработка со Тања Веда го издава цедето „Заспивалки “ кое содржи 10 приспивни песни и 10 приказни за деца, како и илустрирана книга. Во 2017 го издава цедето со традиционални детски песни „Слушни, пеј, играј“ кое содржи 15 песни, заедно со илустриран прирачник, во соработка со Тања Веда. Автор е на „Бог и јас“ - циклус соло песни за мецосопран, виолина, пијано и гитара чија премиера се одржа во Њујорк, во август 2017 година. Има напишано аранжмани за биг бенд, ревиски и симфониски оркестри. Автор е на музиката за австрискиот краткометражен филм „Hyro“, во соработка со Хрватскиот национален балет.