Холандска Република: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Религија: Правописна исправка, replaced: одсекогаш → отсекогаш
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
Ред 44:
== Историја ==
 
До [[16 век]], [[Ниски Земји|Ниските Земји]] - кои одговараат на денешните современи држави Холандија, [[Белгија]] и [[Луксембург]] - се состоеле од голем број на грофовии и војводства, региони и епархии. Поголемиот дел од нив биле под директна управа на [[Свето Римско Царство|Светото Римско Царство]], најпрвин под управа на династиите од Бургундија, а подоцна под [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]]. Императорот [[Карло V]], кој биле роден во [[Гент]] и одраснал во [[Холандија]] уживал голема популарност во земјата. Во [[1556]] година тој абдицирал на сметка на својот син [[Филип II од Шпанија]]. Новиот император бил заколнет католик, и сакал да ја одржи својата вера во својата земја. Но, во исто време, во Холандија започнало да се шири [[Протестантство]]то, особено [[Калвинизам|Калвинизмот]]. На чело на движењетои застанал [[Вилхелм I Орански]] кој барал власта да ги намали даноците и да обезбеди пооголема слобода на вероисповед. Следувала т.н. [[Осумдесетгодишна војна]]. Во [[1579]] година бил основан т.н. [[Сојуз од Утрехт]] од страна на северните покраини на денешна Холандија. По ова следувало и прогласувањето на независноста во [[1581]] година.
 
Во [[1582]] година, [[Франсоа де Алансон]] се обидел да го зазеде [[Антверпен]], но безуспешно. Во [[1582]] година бил убиен Вилхелм I Орански, а кралевите на Англија и франција, [[Елизабета I]] и [[Анри III]] не го признале суверенитетот на земјата. Сепак во [[1585]] година, [[Кралство Англија]] се согласила и испратила воена поддршка за земјата. [[Вестфалски мир|Вестфалскиот мир]] кој бил потпишан на [[1 јануари]] [[1648]] година ја потврдил независноста на холандските покраини од [[Шпанска империја|Шпанската империја]].