Станислав Улам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Литература: Додадена категорија
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
Ред 3:
 
== Животопис ==
Улам биле роден во богат полско еврејско семејство, во [[Лавов|Лембергу]], на 13 април 1909 година. Студирал математика на Политехничкиот институт во Лавов ( Lwów Polytechnic Institute), каде докторирал во 1933 година под менторство на [[Казимир Куратовски]]. Во 1935, [[Џон фон Нојман]], кого Улам го запознал во [[Варшава]], го повикал да дојде во Институтот за напредни студии во Принстон (Њу Џерси, САД), на неколку месеци. Од 1936 до 1939 година, поминал година во [[Полска]] и академска година на [[Универзитет Харвард|Универзитетот Харвард]] во Кембриџ (Масачусетс), каде што работел на утврдување на значајни резултати во ергодичката теорија. На ден 20.август 1939 година, последен пат отпловил за Америка со својот 17-годишни брат Адам. Станал доцент на [[Универзитет Висконскин-Медисон|Универзитетот Висконсин-Медисон]] во 1940 година, а граѓанин на САД во 1941 година.
 
Во октомври 1943 година, добил покана од [[Ханс Бете]] да се приклучи на [[Проект „Менхетн“|проектот Менхетн]] во тајната [[национална лабораторија Лос Аламос]] во [[Ново Мексико]]. Тука работел на [[Хидродинамика|хидродинамички]] пресметки кои предвидуваат однесување на експлозивни сочива кои се користат кај имплозивните оружја. Распореден е во група со [[Едвард Телер]], со кого работел на „Супер“ бомбата.