Сирма Војвода: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Војвода: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: била родена → е родена
Ред 15:
==Животопис==
 
Сирма Стрезова Крстева билае родена во 1776 година дебарското село Тресонче. Таа била ќерка на Анѓа и Петре Врлески. Нејзиниот татко бил зограф, кој бил самоук, но се занимавал и со ѕидарство. Покрај тоа, тој бил и печалбар и така ги научил околните соседни јазици. Од другата страна пак, нејзината мајка се занимавала со ткаење и везење.
 
Сирма била единка на Петре и Анѓа. Поради тоа, таа помагала на нејзините родители, особено по снемогнувањето на нејзиниот дедо. Интересот за борба против тиранија и разбојништво кај Сирма се појавила првично поради приказните кои ги слушала за разбојништвата во крајот како и поради фактот што селото еден ден било опколено од разбојници. При тој настан, семејството се засилнило во блиската пештера Алилица во месноста Голем Дол на планината Шкрка. Семејеството се вратило во селото по два дена кога затекнале запалени куќи и опустошеност. Сето тоа само ја зголемило нетрпеливоста на Сирма кон качачките банди. Во тие мигови кај неа изгледа дека се појавила намислата како да се одмазди за неправдите, со што наполно и се изменил животот.