Рампо Левков - Левката: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка, replaced: ) бил макед → ) — макед
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
Ред 14:
 
==Животопис==
Рампо Левков биле роден во 1909 година во Прилеп. Дедо му држел кафеџилница и берберница, а татко му имал грнчарница во Прилеп.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 199</ref> Основно образование и гимназијата завршил во Прилеп, а во [[1929]] година се запишал на Правниот факултет во Белград, каде студирал вонредно. И покрај материјалните тешкотии, го завршил за пет години. Во [[1935]] година заминал на отслужување на воениот рок во Валлјево, а откак осе вратил во Прилеп, се вработил како волонтер во Прилепскиот суд.<ref>[http://www.oldprilep.com/prilepcani/rampo-levkata-2.html „Рампо Левката“, Old Prilep]</ref> Планирал да се кандидира за претседател на општината, но според законските прописи, не го исполнувал условот за старост, односно, имал под 30 години.<ref name="ReferenceA">„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 200</ref> Сепак, зел активно учество во составување на списокот на кандидати од граѓанската независна листа, и активно им помагал на сограѓаните при составување на жалби, молби и тужби. Пред денот на гласање, полицијата го уапсила него како и Трајко Бошковски - Тарцанот.
 
По изборите полицијата често му упаѓала дома, барајќи причини за да го уапси.<ref name="ReferenceA"/> Во 1940 година, Рампо Левков бил испратен во Ужице, во неофицијален лого за сомнителните. Таму ја дочекал капитулацијата на Југославија, по што се вратил дома.