Фриш биле роден на 3 март 1895 година во Осло. Неговиот татко, Антон Фриш, бил во бизнисот со накит (бил кујунџија), како и многу генерации пред него, па така и од Фриш се очекувало да ја продолжи долгогодишната семејната традиција. Па, на тој начин тој започнал да работи во една работилница во Осло. Но, поради инсистирање на неговата мајка Рагна Фредерик Китилсен, тој се запишал на Универзитет во Осло каде како главен предмет ја земал економијата. Фриш дипломирал во 1919 г. Во наредната година, тој станал соработник во работилницата на неговиот татко. Во 1921 година, Фриш добил стипендија која му овозможила да помине три години во [[Франција]], [[Англија]], [[Германија]] и [[Италија]] студирајќи [[математика]] и економија. Во 1923 година, тој се вратил во Норвешка и сватил дека неговата страст лежи во економијата, поради што продолжил со неговите истражувања во таа област.<ref>http://www.uio.no/english/about/facts/nobel-prize/ragnar-frisch.html</ref>