Пипин Херисталски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
Ред 4:
 
== Животопис ==
Пипин, понекогаш нарекуван '''Пипин II''' и '''Пипин Средниот''' му бил внук и имењак на [[Пипин Ланденски|Пипин I Стариот]] произлезен од бракот на ќерката на Пипин I [[Бега]] и [[Ансегизел]], синот на [[Арнулф од Мец]]. Овој брак ги обединил двете династии - [[Пипиниди]] и [[Арнулфинзи]] кои ја создале династијата на [[Каролинзи]]те. Пипин II веројатно биле роден во Херстал (поранешно име: Херистал), денешна [[Белгија]] (каде бил и центарот на неговата моќ), од каде и потекнува прекарот ("Херисталски").
 
Како мајордом на Австразија, Пипин и [[Мартин Лански|Мартин]], војводата од [[Лан]], се бореле со неустрискиот мајордом [[Еброин]]. Еброин ги поразил Австразијците кај Лукофао, близу [[Лан]]) и малку му недостигало да ги обедини сите Франки под еден владетел; сепак, тој бил убиен во 681, паѓајќи како жртва од комбинираните напади на неговите бројни непријатели. Пипин веднаш направил примирје со неговиот наследник, [[Варатон]].