Луј Арагон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
Ред 25:
== Животопис ==
 
Луј Арагон биле роден на [[3 октомври]] [[1897]] година во [[Париз]], како Луј Андрије. Пораснал со својата мајка и баба, верувајќи дека тие му се сестра и мајка. Татко му на Луј бил женет и 30 години бил постар од мајка му, па така Луј пораснал со убедување дека тој човек му е кум, а не татко. Дури на деветнаесет годишна возраст ја дознал вистината, пред да тргне како војник да се бори во [[Првата светска војна]]. Ниту мајка му ниту татко му не верувале дека синот ќе се врати од војната жив. Тоа што татко му никогаш не го признал оставило длабока трага на поезијата на Арагон во годините што следувале.
 
Од [[1919]] до [[1924]] година, Арагон се приклучил на движењето [[дадаизам]], активно дружејќи се со париските дадаисти. Со [[Андре Бретон]] во [[1924]] година станал еден од основачите на надреалистичкото движење.<ref name="Travers2001">{{Наведена книга|author=Martin Travers|title=European Literature from Romanticism to Postmodernism: A Reader in Aesthetic Practice|url=https://books.google.com/books?id=KlcnxCx1ZM4C&pg=PA176|year=2001|publisher=A&C Black|isbn=978-0-8264-4748-7|pages=176–}}</ref>, и оттогаш го употребувал своето литературно име Арагон. Ги објавил првите песни и романот „''Селанец од Париз''“. Во текот на 20-те години заедно со цела група надреалисти се приклучил на [[Комунистичка партија на Франција|Комунистичката партија на Франција]]. Од [[1933]] година започнал да пишува и за партискиот весник. Во текот на [[1930]] година го посетил [[Советскиот Сојуз]] и од [[1933]] година неговата посветеност на партијата го води до раскинување со надреалистите, кое кулминирало со Светскиот конгрес на писатели за одбрана на културата ([[1935]] година), каде што жестоко му се спротивставил на неговиот пријател [[Андре Бретон]]. И покрај таквиот настап, Арагон и самиот често го критикувал Советскиот Сојуз. Од [[1933]] до [[1944]] Арагон го напишал романот „''Реален свет''“ во четири тома, каде ја опишал историската перспектива на класната борба. Со соцреализам продолжил да се занимава и во следните дела, а потоа создал три романи што се своевидна биографија поврзана со комунистичкото движење. Покрај тоа пишувал и патриотски песни, кои ги објавувал во текот на [[Втората светска војна]], но и љубовна поезија посветена на својата жена Елза, сестра на Љиља Брик (љубовницата на Мајаковски), со која се оженил во [[1939]] година. Пред и во текот на [[Втората светска војна]] Елза соработувала со него во весниците на левицата, а во текот на окупацијата била во илегала.