Леополд Стоковски: Разлика помеѓу преработките

с
→‎Животопис: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
с (→‎Животопис: Македонски назив на предлошка, replaced: cite news → наведени вести)
с (→‎Животопис: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден)
 
==Животопис==
Стоковски биле роден во [[Лондон]],<ref>{{наведени вести|url=http://arts.guardian.co.uk/filmandmusic/story/0,,1575732,00.html|title=He would fix the audience with his glinting eye...|publisher=The Guardian|author=Simon Callow|date=23 September 2005|access-date=11 April 2007}}</ref> а музика студирал на [[Универзитет Оксфорд|Оксфорд]] и Кралскиот музички колеџ во Лондон. Најпрво свирел на оргули во Црквата на свети Бартоломеј во [[Њујорк]], а како диригент првпат настапил во [[Париз]], во 1908 година. На тој настап оставил многу добар впечаток кај критичарите и јавноста, по што брзо стигнал до местото диригент на симфонискиот оркестар во [[Синсинати]]. Во 1912 година добил понуда да го преземе [[Филаделфиски симфониски оркестар|Филаделфискиот симфониски оркестар]]. Овој оркестар го водел во наредните 25 години. Под негово раководство Филаделфискиот симфониски оркестар станал најдобар оркестар во Америка и еден од најпознатите во светот.
 
Последен пат јавно настапил во [[Венеција]], во 1975 година, а потоа продолжил да снима во студио сè до 1977 година. Работел оркестарски транскрипции на композиции за [[оргули]] од [[Јохан Себастијан Бах]]. Починал во [[Хемпшир (грофовија)|Хемпшир]], Англија, на 13 септември 1977 година.<ref>Allen Hughes, [https://query.nytimes.com/gst/abstract.html?res=9902E1DD163AE334BC4C52DFBF66838C669EDE&legacy=true "Leopold Stokowski Is Dead of a Heart Attack at 95"], ''The New York Times'', 14 September 1977.</ref>