Жорес Алферов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Награди: Исправка на датумски формат, replaced: февруари, 1 → февруари 1, јуни, 1 → јуни 1, март, 2 → март 2 (2), мај, 2 → мај 2, август, 2 → август 2
с →‎Раѓање и образование: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
Ред 24:
 
== Раѓање и образование ==
Алферов биле роден во Витебск, [[Белорусија|Белоруска]] ССР, Советски Сојуз, од татко Белорусин, Иван Карпович Алферов, кој бил раководител на фабрика, и од мајка Еврејка, Ана Владимировна. Жорес го добил името по францускиот социјалист Жан Жорес (Jean Jaurès) додека неговиот постар брат, Маркс го добил своето име по [[Карл Маркс]]. Во 1947 г. завршил средно училиште во [[Минск]] и се запишал на Белорускиот технички факултет. Во 1952 г. дипломирал на Електротехничкиот институт во [[Ленинград]]. Од 1953 г. работел во Физичко-техничкиот институт на Академијата на науки на СССР.
Од институтот добил неколку дипломи: Член на Технолошките науки во 1961 г. и доктор на науки по физика и математика во 1970 г. Бил директор на институтот уште од 1987 г. Бил избран како член на Академијата на науки на СССР во 1972 г. и како редовен член во 1979 г. Од 1989 г. тој е заменик-претседател на Академијата на науки во СССР и претседател на Научниот центар во [[Санкт Петербург]]. Од 1995 г. член е на Државната дума и е на листата на Комунистичката партија на Руската Федерација. Во 2000 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со [[Херберт Кромер]] за „развој на полуспроводнички хетероструктури користени во оптоелектрониката“.