Ела Фицџералд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Соработки: Правописна исправка, replaced: 0ти → 0-ти
с →‎Ран живот: Јазична исправка, replaced: била родена → е родена
Ред 22:
 
==Ран живот==
Фицџералд билае родена во Њупорт Њуз, Вирџинија, а нејзини родители биле Темперенс „Темпи“ и Вилијам Фицџералд. Набргу откако се родила, нејзините родители се разделиле, а Ела заминала да живее со нејзината мајка во Јонкерс, Њујорк, каде по извесно време се вселиле кај долгогодишниот партнер на нејзината мајка, Џозеф Да Силва. Во детството таа сакала да биде танчерка иако обожувала да ги слуша џез песните на ''[[Louis Armstrong]]'', Bing Crosby и Босвел сестрите. За нејзиниот идол, пејачката Кони Босвел, има кажано: „Мајка ми донесе дома една нејзина плоча и се вљубив во неа... Се обидував да звучам како неа.“
Нејзината мајка починала од срцев удар во 1932 година и по оваа трагедија интересот на Ела за училиште се намалил. Заминала да живее со нејзината тетка откако била злоупотребувана од нејзиниот очув и некое време работела како набљудувач за еден бордел и била поврзана со игри на среќа поврзни со мафијата. Кога властите ја фатиле, Ела прво била сместена во сиропиталиште за сираци со обоена кожа во Ривердејл, Бронкс. Меѓутоа, кога сиропиталиштето било преполно, таа заминала во училиште за обучување на девојчиња во Хадсон, Њујорк. По извесно време побегала и одредено време била бездомник.