Геја (митологија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: била родена → е родена
Ред 7:
| Symbol = [[рог на изобилството]], [[цвеќе]], [[плод]]ови и [[дијадема]]
| Consort = [[Уран (митологија)|Уран]], [[Зевс]], [[Понт (митологија)|Понт]], и [[Посејдон]]
| Parents = [[Хаос (митологија)|Хаос ]]
| Siblings= [[Никта]], [[Ерос (митологија)|Ерос]], [[Ереб (митологија)|Ереб]] и [[Тартар (митологија)|Тартар ]]
| Children= [[Понт (митологија)|Понт]], [[Титани]], [[Хекатонхири]], и [[Киклопи]]
| Mount =
| Roman_equivalents = [[Тера (митологија)|Тера ]]

'''Геја''' во [[грчка митологија|грчката митологија]] е мајката [[Земја]], која билае родена од [[Хаос (митологија)|Хаос]], мајка на [[Уран (митологија)|Уран]]. Геја го родила Уран, кој подоцна, пак, ѝ станал сопруг. Од нивниот брак се родиле [[Понт (митологија)|Понт]], [[Титани]]те, [[Гиганти]]те<ref>http://www.theoi.com/Protogenos/Gaia.html</ref>.

Геја имала голема улога во создавањето на универзумот. Соединувајќи се со Уран, биле родени првите богови, односно [[Титани|Титаните]]те. Најпрвин биле родени [[Океан (митологија)|Океан]] и [[Тетиjа (митологија)|Тетиjа]], од чие потомство, пак, се родиле Река и Океанида.

Според митологијата, таа ѝ помогнала на својата ќерка [[Реја (митологија)|Реја]], да го сокрие [[Зевс]] во една пештера во [[Крит]], бидејќи нејзиниот сопруг [[Крон (митологија)|Крон]] ги голтал сите деца кои биле раѓани од неа за да не му го заземат престолот<ref>Гилевски Паскал „Грчки митови“; „Како пораснал Зевс“; СИЛСОНС, Скопје</ref>. Подоцна, таа му помогнала на својот внук Зевс во борбата против Титаните во [[Титани|Титаномахијата]]. Сепак, во последната борба помеѓу боговите, во [[Гиганти|Гигантомахијата]], таа била против Зевс, барајќи по светот една билка која ги лечела [[Гиганти]]те.
Ред 22:
== Раѓање ==
Според [[Хесиод]]овата ''Теогонија'' по [[Хаос (митологија)|Хаос]], Геја настанала сама од себе.
Според [[Орфеј|орфичката теогонија]], Геја и [[Уран (митологија)|Уран]] ги родила [[Никта]] која ја создал и оплодил [[Фан]], првиот владетел на светот. Во грчката космогонија Геја е основниот елемент кој настанува веднаш по Хаос и го претставува женското начело на создавањето.

== Потомство ==
Геја сама од себе ги родила:

:[[Уран (митологија)|Уран]] (небото), [[Ореи (митологија)|Ореи]] (планините) и [[Понт (митологија)|Понт]] (морето).

Од нив, само Уран можел да го опфати целото тело на Геја, па затоа се соединил со неа и нивни деца се:

:[[Титани]]те - [[Океан (митологија)|Океан]], [[Креј (митологија)|Креј]], [[Коеј (митологија)|Коеј]], [[Хиперион (митологија)|Хиперион]], [[Јапет (митологија)|Јапет]] и [[Крон (митологија)|Крон]], титанките - [[Теја (митологија)|Теја]], [[Реја (митологија)|Реја]], [[Темида (митологија)|Темида]], [[Мнемосина (митологија)|Мнемосина]], [[Феба (митологија)|Феба]] и [[Тетија (митологија)|Тетија]];

:еднооките [[Киклопи]] - [[Бронт]], [[Стероп]] и [[Арг (митологија)|Арг]], и

:стораките џинови [[Хекатонхири]] - [[Кот]], [[Бријареј]] и [[Гиг]].

Уран ги мразел своите нагрдени, монструозни деца и ги фрлал во утробата на Земјата, далеку од светлината. Геја, пак, не можела да се помири со тоа и смислувала како да му се одмазди на својот подол сопруг. Ги повикала децата да ѝ помогнат, но сите се исплашиле, освен Крон. Тогаш Геја го создала челикот и од него направила огромен срп. Кога Уран посакал да води љубов со Геја, излегол скриениот Крон и му ги исекол гениталиите и ги фрлил в море. Капките крв што паѓале од Уран ја оплодиле Земјата. Така настанале [[еринии]]те, [[гиганти]]те и [[мелијади]]те. Од пената, пак, што се направила во морето кога паднале фрлените гениталии на Уран, се родила [[Афродита]]. По оваа случка, Небото (Уран) веќе не ѝ се приближувал на Земјата (Геја), а Крон станал новиот владетел на светот.

Геја на својот син Понт му родила пет божества на морето: [[Нереј]], [[Тавмант]], [[Форк]], [[Кето (митологија)|Кето]] и [[Еврибиј]].

Нејзин најмал син е чудовишниот [[Тифон (митологија)|Тифон]] (со сто змиски глави на рамењата), кого го родила соединувајќи се со [[Тартар (митологија)|Тартар]].

Во подоцнежните митови на Геја ѝ се препишуваат многу повеќе деца, како: [[Егеон]], [[Антај]], [[Атлант]], [[Ехидна]], [[Ерехтеј]] и др.