Ѓорѓи Гаврилски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија using AWB
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: бил роден → е роден
Ред 2:
 
==Животопис==
Ѓорѓи Гаврилски биле роден на 11 април 1911 година во [[Свети Николе]], како четврто дете на Павлина и Наце Гаврилски. Основно образование завршил во родниот град, а средно во Велес и Скопје. За време на школувањето во [[Велес]], Гаврилски морал да работи за да може да се издржува, односно давал приватни часови на деца од поимотните семејства. Во тој период се запознал со [[Бане Андреев-Ронката|Бане Андреев - Ронката]], со кого заедно и со неколкумина други, го организирале клубот „Македонија“. Клубот функционирал краток период, затоа што бил забранет од српските власти.<ref>Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007, стр. 18</ref> Во [[Белград]] се запишал на студии по општа медицина, каде дипломирал во 1937 година. Веднаш се вработил во Армијата на [[Кралска Југославија]] како специјалист по општа медицина, а во 1938 година службено бил пратен во [[Штип]], како лекар на Дваесет и третиот пешадиски полк на Кралската југословенска армија.<ref>Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007, стр. 19</ref> За време на својот престој во Штип, Гаврилски работел и приватна пракса, и често бил на терен, при што имал можност за политичка пропаганда меѓу населението. Но, офицерскиот кадар го доживувал Гаврилски како непријателски елемент, посебно затоа што се декларирал како Македонец.<ref>Марјан Димитријевски и Стојан Ковачески: „Прим. д-р Ѓорѓи Гаврилски (1911-1987)“, Скопје-Свети Николе, 2007, стр. 20</ref> Поради ова, Гаврилски бил казнуван со домашен притвор од 30 дена, како и со ноќни дежурства во болницата. Во текот на 1939 и 1940 година, Ѓорѓи Гаврилски заминал во Хигиенскиот завод во Скопје на усовршување за борба против [[маларија]].
 
Ѓорѓи Гаврилски се оженил со велешанката Лила Бондиќова, со која имал четири деца. Починал на 17 декември 1987 година во Скопје.