<!-- Processed by Geoboxer 3.0 on 2007-10-27T16:28:18+02:00 --> }}
'''Нитра''' ([[словачки јазик|словачки]]: ''Nitra'') е— град во западна [[Словачка]]. Нитра се наоѓа на падините на планината [[Зобор (планина)|Зобор]], поточно во долината на реката [[Нитра (река)|Нитра]]. Со население од околу 85.000 жители, тој е [[Список на градови во Словачка|петти најголем град]] во Словачка.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.slovensko.com/about/slovakia-cities/ |title=The largest cities in Slovakia |publisher=Slovensko.com |date= |accessdate=2009-05-06}}</ref> Нитра е исто така еден од најстарите градови во Словачка и најран политички и економски центар. Денес, Нитра е центар на [[Нитра (регион)|регионот Нитра]], како и на [[Нитра (округ)|округот Нитра]].